ИЛИНДЕНСКИОТ КОЊАНИЧКИ МАРШ НА 28 ЈУЛИ ВО ВЕЛЕС

Општина Велес и годинава традиционално ќе ги пречека коњаниците од Илинденскиот марш. На 28 јули, во недела, во 19 часот ќе пристигне коњаницата во центарот на градот, кога бројни делегации, во чест на великаните од минатото, ќе се поклонат и ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на Велешките илинденци. Илинденскиот марш, кој започна од Скопје,…

„РИТАМОТ НА ЗБОРОТ“ НА ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2024

Класично говорење поезија и слемување како модерен правец беше дел од програмата на Велешко лето 2024. Четири средношколки кои два дена работеа под менторство на Даница И. Лепојевиќ и професорката Соња Карбева одлично се претставија пред публиката во кафе бар Тарантино и уште еднаш покажаа дека Велес од секогаш бил расадник на млади таленти. Поетскиот…

СТЕНД АП КОМЕДИЈА НА СЕМИР ГИЦИЌ НА ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2024

Граѓаните ќе имаат можност да се насмеат на изведбата на најпопуларната монокомедија „Бескомпромисен стенд ап“ на актерот и драматург Семир Гициќ. Со неговиот автентичен израз и хумор, Гициќ ќе ги прикаже животните ситуации и предрасуди во кои секојдневно живее обичниот човек. Стенд ап комедијата е изведена повеќе од 100 пати во Србија, Црна Гора, Босна…

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ ВО ООУ ВАСИЛ ГЛАВИНОВ

Спортскиот комплекс во ООУ „Васил Главинов“ ќе добие нов лик. Започнаа градежните работи за реконструкција на терените во дворот на училиштето. Во тек се земјени работи и отстранување на старата подлога. Со овој проект учениците и граѓаните ќе добијат современи терени за фудбал и кошарка односно уште еден повеќенаменски спортски терен. Просторот дополнително ќе биде…

РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА АЛЕКСО ДЕМНИЕВСКИ БАУМАН ВО ЗАВРШНА ФАЗА

Реконструкцијата на улицата Алексо Демниевски Бауман е во завршна фаза. Вќеравечер градежните машини ја асфалтираа улицата на потегот од Пошта до семафорите. Реконструкцијата целосно ќе заврши вечер во вечерните часови, со цел да се избегне сообраќаен метеж и високите температури. Во наредните денови на улицата ќе бидат поставени средства за смирување на сообраќајот.  

НЕДЕЛНА ПРОГРАМА НА ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2024

Продолжуваат активностите во рамки на Велешко лето 2024.  Вечерва, 22 јули, на ред е поезијата за која ќе се говори со средношколци на работилница. Работилницата ќе се одржи во кафе бар „Тарантино“ од 12 до 15 часот. На тема поезија, со средношколците ќе разговараат менторите Даница И. Лепојевиќ и професор Соња Карбева. Во среда, на…

НЕЗАБОРАВЕН КОНЦЕРТ НА МИКИ СЕКУЛОВСКИ НА ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2024

Со изведбата на песните за сечиј вкус , Мики Секуловски  овозможи незаборавна вечер за велешани. Амфитеатарот вчеравечер беше преполн со публика која пееше и играше заедно со Мики.  Забавата достигна кулминација и со гостите на Мики, пеачите од регионалното музичко шоу Ѕвездите на Гранд, Андријана Петрушовска, Омар Џафероски и Лина Пејовска. Концертот на Мики Секуловски…