РЕКОНСТРУКЦИЈА НА РАШТАНСКИ ПАТ

Започна реконструкцијата на Раштански пат. Градежната механизација е на терен каде што во тек е целосна длабинска реконструкција на Раштански пат. Делницата е во должина од 800 метри, со што значително ќе се подобри патната комуникација кон овој дел од градот и околните села.  

УЛТРАМАРАТОНЦИ ТРЧААТ ДО ЛОПУШНИК ВО ЧЕСТ НА РАЦИН

Ултрамаратонците и годинава ја продолжија традицијата, утрово го започнаа  ултрамаратонот до Лопушник, местото на погибјето на великанот Коста Солев Рацин. Петмината маратонци треба да истрчаат156 километри до петок. Градоначалникот Марко Колев и советници на Советот на Општина Велес ги испратија маратонците и им посакаа поволни временски услови и во добро здравје да го истрчаат маратонот…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Општина Велес ги информира граѓаните дека поради подготовки и одржување на четвртото издание на Велешки спортски игри, Градскиот парк ќе биде затворен за сообраќај од денеска, 02 јуни, од 12 часот, па се до завршувањето на манифестацијата, 7 јуни. Во паркот ќе се пропуштаат само дистрибутерите до локалите кои претходно обезбедиле пропусница од организаторот на…

УШТЕ ЧЕТИРИ ДЕНА ДО СТАРТОТ НА СПОРТСКИ ИГРИ ВЕЛЕС

Се прават последните подготовки за стартот на четвртото издание на Спортски игри Велес. На овој спектакуларен спортски настан ќе учествуваат над 640 спортисти од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Шпанија, Италија, Иран, Куба, Америка, Франција и Ирска, а меѓу нив и познати репрезентативци и европски прваци кои ќе си ги одмерат силите во…

ЕВРОАМБАСДОРОТ МИХАЛИС РОКАС ВО ПОСЕТА НА ВЕЛЕС

Амбасадорот на Европската Унија Н.Е. Михалис Рокас денеска во официјална посета на Општина Велес. За време на посетата евроамбасадорот оствари средба со градоначалникот на Општина Велес Марко Колев. На средбата се дискутираше за проектите финансирани од ЕУ, резултатите и придобивките на граѓаните и заедницата. Градоначалникот Колев се заблагодари за сите досегашни проекти на територијата на…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО ПРОСЛАВИ ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Денес, 23 Мај, во големата сала на Општина Велес свечено беше одбележан денот на сесловенските просветители, браќата Св.Кирил и Методиј. Во присуство на голем број граѓани, наставници, ученици, членови на совет и пратеници, градоначалникот Марко Колев ги додели наградите на најуспешните за 2025 година. Свеченоста започна со наградување на најдобрите средношколци кои земаа учество на…

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРИВРЕМЕНО ЗАТВОРАЊЕ НА ГРАДСКИОТ ПАРК ЗА ВОЗИЛА ПОРАДИ ХУМАНИТАРНА ТРКА „СИТЕ ЗА КОЧАНИ – ТРЧАМЕ ЗАЕДНО“

Општина Велес Ве известува дека по повод денот на Европа, на 25 Мај 2025 година (недела), со почеток во 10:00 часот, во Градскиот парк во Велес ќе се одржи хуманитарна трка со наслов „Сите за Кочани -Трчаме заедно“ Овој настан има хуманитарен карактер, а со вашето учество директно помагате.Ве покануваме да ни се придружите во…