ЕВГЕНИЈ ПОП АЦЕВ НАЈБРЗ НА ВЕЛЕШКИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН

Триесетина професионални пливачи и аматери учествуваа на осмиот по ред пливачки маратон, што се одржа во водите на езеро Младост во Велес. Организатор на маратонот е Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28“, а  техничка поддршка  дадоа Општинската организација на Црвен Крст Велес и  Кајак клубот „Бабуна“ Покровител на настанот е Општина Велес. Традиционалниот пливачки…

PUMP TRACK ВО ВЕЛЕС

Во рамките на Европската недела на мобилност, Општина Велес го продолжува проектот за изградба на полигон за велосипеди (pump track). Во Градскиот парк во Велес младите велешани ќа добијат место наменето за забава и рекреација, каде ќе имаат можност да уживаат во своите велосипеди, тротинети, ролери и скејтборди. Полигонот за велосипеди е втор ваков објект на…

ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА МЛАДИТЕ УЧЕСНИЦИ ВО СООБРАЌАЈОТ

Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2021, денес во медиотеката на ЛБ „Гоце Делчев” во Велес се одржа едукативна работилница на тема „Младите и безбедноста на патиштата “ со цел промовирање на безбедноста, здравјето и благосостојбата на младите луѓе во сообраќајот. Предавачи на работилницата беа претставници од МВР-СВР Велес кои на интерактивен…

ОБНОВА НА ПРЕМИНИ НА ЖЕЛЕЗНИЧКИ ПРУГИ ВО ВЕЛЕС

Првиот патен премин преку железничка пруга во државата ќе биде изведен во Велес од специјализирана хрвстка компанија, најави Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција Станува збор за гумени елементи изработени од рециклирана гума кои ќе бидат поставени на пругата. Првиот премин  во Велес ќе биде изведен кај железничката пруга пред фабриката Ќиро Ќучук. Работите ќе…

ПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА ДОЛНИОТ ДЕЛ НА ПАЗАРОТ

Денеска почнува да се гради долниот дел на Градскиот пазар. Градежните работи ги изведува фирмата „БВ Инженеринг“ од Битола. Вкупната вредност на работите изнесува 50.248.059 денари. Рокот на изведба е една година. Тезгите се дислоцирани на паркингот спроти Бифе скара „Пармак“. „ЈКП „Дервен“ треба да склучи договор со фирмата избрана на тендер за набавка на…

СО ПОДДРШКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ – НОВИ ФИЛМСКИ ПРОЕКЦИИ ВО ВЕЛЕС

Во соработка со Агенцијата за филм, Општина Велес деновиве работи на подготовка на проекции на филмови во кино салата „Бели Мугри“. На  денешната прес конференција, градоначалникот Аце Коцевски ја информираше јавноста дека  во овој момент, компанијата АВЦ ГРОУП ДОО Скопје која ја набави и инсталираше опремата прави проверка на дигиталната опрема  бидејќи од нејзиното инсталирање…

ОДРЕДЕНИ ЛОКАЦИИ ЗА УШТЕ 22 ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ

На последната седница на Советот на Општина Велес донесена е одлука за одредување на нови 22 локации за поставување на подземни контејнери во Велес, најави Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција. „Сметаме дека со поставувањето на подземните контејнери значително се  подобри сликата со управувањето со отпадот и јавната чистота на локациите каде се поставени и…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ВО МЕЃУНАРОДЕН ПРОЕКТ ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ВО УСЛОВИ НА КОВИД 19

Од страна на германското друштво за меѓународна соработка – ГИЗ Општина Велес е избрана да учествува во меѓународниот проект „Развој на решенија за закрепнување од КОВИД 19 на општинско ниво во областа на дигитализација и управување со кризи“, истакна Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција. Општина Велес успешно го помина процесот на апликација и селекција…

КОВИД СОСТОЈБА ВО ВЕЛЕС

На денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски информираше за ковид состојбата во Велес. Во Општа болница Велес моментално  хоспитализирани се вкупно 69 пациенти и тоа 37 на инфективно одделение, 7 пациенти на интерно одделение и 25 пациенти во модуларната болница. Од овие пациенти 48 се потврдени позитивни на Ковид 19, осумнаесет се негативни на вирусот но…

ВО НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН

Во недела на 19 септември ќе се одржи осмиот по ред велешки пливачки маратон, најави денеска на прес конференција Градоначалникот Коцевски. Организатор на традиционалниот маратонот е „Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28„ а ќе се реализира со техничка поддршка на Општина Велес, ОО на Црвен крст од Велес , и на Кајак клубот „Бабуна.…