ВЕТУВАЊАТА КОН ГРАЃАНИТЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ!

Изминативе денови интензивно се работи на реконструкција на објектот на поранешната народна кујна, кој е предвиден за Иновациски Хаб за млади таленти од ИТ секторот. Овој Хаб ќе биде уште едно одлично место за развој на нивните вештини . Дополнително, во село Оризари е завршена и втората линија од фекалната канализациона мрежа која ја работевме…

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕТО НА ВАСИЛ ГЛАВИНОВ

По повод годишнината од раѓањето на Васил Главинов, делегација на Општина Велес положи свежо цвеќе пред спомен бистата во дворот на основното училиште што го носи неговото име. Васил Главинов е истакнат велешки револуционер и поборник за работничките права. Основач е на првото просветно работничко друштво во Македонија и целата своја дејност ја посветува на…

ДОДЕЛЕНИ ПРИЗНАНИЈА НА НАЈДОБРИТЕ КРВОДАРИТЕЛИ ЗА 2022 ГОДИНА

Во пресрет на 17 Март, Денот на Црвениот крст и Денот на крводарителството во Македонија, вчеравечер во Големата сала на Општина Велес се доделија признанијата за најдобрите крводарители за 2022 година во општините Велес, Градско и Чашка. Признание за 100 пати дарувано крв доби Јован Андреев. Признанија  добија и  Сашко Хаџи Арсов Николче Несторов, Драге…

81 ГОДИНА ОД ШТРАЈКОТ НА ВЕЛЕШКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ!

Никола Стојановски, Благој Кирков, Благој Јанушев, Орце Иванов и Анче Андреев се само дел од имињата чие ехо го слушаме и денес. На денешен ден, 14 март 1942 година, младите велешки гимназијалци го подигнале гласот против бугарската асимилаторска политика врз македонскиот народ, бојкотирајќи ја наставата на бугарски јазик. Многу пати велиме дека историјата се повторува.…

116 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО ГЛУМИШТЕ ПЕТРЕ ПРЛИЧКО

Денеска се одбележуваат 116 години од раѓањето на еден од најголемите македонски актери на сите времиња Петре Прличко. По тој повод, во чест на неговиот  лик и дело, градоначалникот Марко Колев положи свежо цвеќе пред спомен бистата во Младинскиот парк. Почит му оддадоа и претседателот на Советот на Општина Велес, Зоран Љутков како и актерите…

РАЗВОЈОТ НА РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ Е НЕОПХОДЕН ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНАТА!

Во тек се градежни активности за уредување на пристапен пат до земјоделско обработливо земјиште во с.Мамутчево, во должина од 750 метри. Овој проект е во соработка со Центарот за развој на Вардарски плански регион, а средствата се обезбедени преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Со инвестирањето во руралните средини придонесуваме за рамномерен развој на…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Согласно Законот за животна средина  („Службен весник на РМ“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и “Службен весник на РСМ“ 89/22, 171/22), Општина Велес објавува на својата веб страна: “Известување за за намера за изведување на проект и утврдување на потребата од оцена…

НОВИ ЗЕЛЕНИ САДНИЦИ НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Општина Велес продолжува со хортикултурно уредување на јавните површини во градот. На косината спроти Центарот за вработување, на левата страна на градот, вработени во ЈКП Дервен денеска засадија нови зелени садници. Во текот на наредниот период овој простор ќе биде дополнително оплеменет со нови зелени и цветни садници. Општина Велес продолжува посветено да работи на…

УЛИЦАТА “ЖИВКО ФИРФОВ” ДОБИВА НОВ ЛИК!

Во тек е поставување на ивичници и целосна реконструкција на тротоарот на улица “Живко Фирфов” со бехатон плочки. Овие зафати се во склоп на започнатите градежни активности за реконструкција и асфалтирање на оваа улица. Поубав Велес станува реалност!