ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН

По повод најголемиот христијански празник Велигден, Општина Велес упатува честитка до сите верници од православна вероисповед и им посакува радост, благосостојба и духовен мир. Нека овој светол празник ни го покаже вистинскиот пат, пат на разумот, мудроста и човечноста.  Христовото восресение нека го осветли патот на животот, а неговата бесконечна љубов ги исполни нашите срца…

Б – ИНТЕГИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА (МИСА – МГ ТРАНСПОРТ ДОО Скопје)

Согласно член 113, став 1 и член 122, став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 89/22, 171/22 и 03/25), Градоначалникот на Општина Велес  издаде Б –…

ЗАВРШИ ТЕАТАРСКИОТ ФЕСТИВАЛ „5РЕ“

Со стенд ап настапот на акетрот Сашко Коцев, на сцената на велешки театар, вчеравечер, заврши четвртото издание на театарскиот фестивал „5ре“, посветен на доајенот на македонското глумиште Петре Прличко. Љубителите на театарската уметност имаа можност да изгледаат десетина претстави од домашни и странски театарски екипи. За прв пат годинава на фестивалот се доделија и награди,…

О Б Ј А В А за прибирање на понуди за распределба на линии за превоз на патници на територијата на Општина Велес за следните линии

Врз основа на член 22 од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ бр. 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 44/15, 97/15, 124/15, 129/15, 193/15, 37/16, 71/16, 64/18, 140/18 и 163/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 67/22, 170/24,…

РАБОТНА СРЕДБА МЕЃУ ОПШТИНА ВЕЛЕС И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Министерот за локална самоуправа Златко Перински и заменик министерот Ерџан Селими денеска во работна посета на Општина Велес. На средбата со градоначалникот Марко Колев се разговарало за тековната проблематика во врска со работењето на локалната самоуправа, како и за континуираната институционална соработка во изминатиот период. Средбата продолжи со претставници од Советот на Општина Велес и…

НОВО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО БАШИНО СЕЛО, СОЈАКЛАРИ И ОТОВИЦА

Продолжува промената на мрежата на улично осветлување во руралните средини. Во селата Сојаклари, Отовица и Башино Село старото  се заменува со ново улично осветлување, а истовремено се отстрануваат и дефектите во мрежата во овие три населени места, со што уличното осветлување ќе биде целосно функционално.  

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ФАСАДАТА НА СОУ „ЈОВЧЕ ТЕСЛИЧКОВ“

Се реконструира фасадата на училишната зграда на ОСУ „Јовче Тесличков“. Реконструкцијата се врши со поставување на термоизолациони панели со што значително ќе се подобрат условите за учење и ќе се постигне поголема енергетска ефикасност. Општина Велес континуирано инвестира во образованието за просперитетна иднина.