Прекрасна атмосфера на вториот ден од велешка ПИТИЈАДА!

Детски џагор и многу насмеани лица измамија маскотите Стела и Сани со својот настап пред најмладите. Посетителите уживаат и во рачните изработки изложени од ракотворците на есенскиот базар, на кој можат да се најдат уникатни изработки за сечиј вкус. Втората вечер од овогодинешната Питијада – Фестивал на велешка пита и вино ќе остане запаметена. Штандовите…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖА 11 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ

11 Октомври – Денот на народното востание. Осумдесет и четири години од славното востание на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор. Овој историски датум е синоним за непокорот, храброста и жртвата на македонскиот народ за слободна, самостојна и независна држава Македонија. Македонскиот народ е горд на својата историја, сплотен и обединет низ годините наназад во континуитет…

Велешката „ПИТИЈАДА“ започна со вистински спектакл – вкусна пита, врвно вино и музика што ги обедини сите генерации!

Првата вечер од Фестивалот на велешка пита и вино – Питијада 2025, која се одржа на 10 октомври во Велес, навистина беше празник за сите сетила. Градот пулсираше со енергија, традиција и забава, а посетителите уживаа во уникатната атмосфера исполнета со вкусни велешки пити, квалитетни вина и богата музичка програма. Секако – продолжението на Питијада…

ГОДИШНИНА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ВЕЛЕШКИТЕ ВОЈВОДИ ТОДОР ХРИСТОВ ОФИЦЕРЧЕТО И ЈОВАН НАУМОВ АЛАБАКОТ

На денешен ден, 4 октомври, се одбележуваат 121 година од загинувањето на војводата Тодор Христов Офицерчето и 117 години од загинувањето на војводата Јован Наумов Алабакот. Тодор Христов Офицерчето е воен стратег на Илинденското востание, образуван и школуван во Софија. Како единствен школуван воен кадар, по негов нацрт е создадено Црешовото топче и тој прв…

РАЗЛИЧНИ СОДРЖИНИ НА ВЕЛЕШКА ПИТИЈАДА 2025

Есенски базар и годинава ќе биде поставен на улицата Благој Ѓорев, кај влезот на Гимназијата како дел од Фестивалот на велешка пита и вино „ПИТИЈАДА 2025“. На тезгите ќе бидат изложени уникатните ракотворби на нашите вредни ракотворци. Од 10 до 12 октомври посетителите на манифестацијата ќе имаат можност да си купат од рачните изработки. Во…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА ВО СЕЛО СЛИВНИК

По завршувањето на подготвителните земјени зафати во тек се премина на градежни активности и во село Сливник. Се постави завршен бетонски слој на една улица. Дополнително се поставија и рабници на оваа патна делница. Рамномерниот развој на руралните средини е важен за развојот на општината.  

ПИТИЈАДА 2025!

Домашни и балкански музички ѕвезди, највкусната пита пастрмајлија, квалитетното македонско вино и гостопримливи домаќини годинава ќе ја одбележат најмасовната манифестација во градот „Фестивалот на велешка пита и вино“ што ќе се одржи на 10, 11 и 12 октомври. Нашата музичка дива Калиопи ќе настапи на првата фестивалска вечер, втората вечер е резервирана за балканската музичка…