ЌЕ СЕ ГРАДИ ПОТПОРЕН ЅИД НА УЛИЦА „КУМАНОВСКА“

Од утре, вторник (07.11.2023 година) започнуваат градежни активности на улица „Кумановска“ за изградба на потпорен ѕид со кој ќе се обезбеди стабилност на улицата и косината на железничката пруга Велес-Битола. За време на градежните зафати ќе се изведуваат различни градежни активности како земјени, бетонски, армирачки и останати градежни работи. Предвидено е  вклучување на градежна механизација…

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА БЛАГОЈ ЃОРЕВ

Со положување на свежо цвеќе на спомен бистата, Општина Велес ја одбележа годишнината од смртта на Благој Ѓорев. Денеска се навршуваат 81 години од загинувањето на македонскиот комунист и учесник во НОБ. Благој Ѓорев бил член на СКОЈ и на Комунистичката партија. Како младински и партиски активист бил еден од првите борци на Велешкиот партизански…

43 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА БАНЕ АНДРЕЕВ РОНКАТА

Со положување свежо цвеќе пред спомен плочата на Бане Андреев Ронката во неговата родна куќа, Општина Велес ја одбележа годишнината од смртта на Бане Андреев Ронката, македонски комунистички деец, учесник во НОБ, државник и политичар. Свежо цвеќе положија претставници на Општина Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев“. Бане Андреев Ронката е роден на 12 август…