ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ПОДГОТОВКАТА НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА ПЕРИОДОТ 2027–2031 ГОДИНА

Општина Велес започна процес на подготовка на Стратегијата за локален економски развој за периодот 2027–2031 година, со цел да се утврдат приоритетите, потребите и можностите за одржлив економски развој на општината во наредните пет години. Процесот се спроведува на отворен и транспарентен начин, со активно вклучување на сите релевантни засегнати страни и граѓани, чии ставови,…

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО МАМУТЧЕВО

Продолжуваат градежните активности во Мамутчево. По целосно реконструирање и асфалтирање на коловозот, во тек е уредувањето на тротоарите на влезот во селото. Со оваа фаза, Општина Велес продолжува да ја подобрува патната инфраструктура во руралните средини, обезбедувајќи побезбедно движење на пешаците и останатите учесници во сообраќајот.  

ВЕЛЕС ГО ЧЕСТВУВА 11 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ

11 Октомври – Ден на народното востание – празник на слободата, храброста и непокорот. На 11 Октомври 1941 година, македонскиот народ го крена гласот против фашистичкиот окупатор, започнувајќи ја борбата за слобода, правда и национално достоинство. Денес, 85 години од Народното востание, со длабока почит се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и непоколебливoста на нашите предци…

ВЕЛЕС ВО ЗЕЛЕНО ЗА ЖИВОТ И ХУМАНОСТ

Општина Велес се приклучи кон иницијативата за одбележување на Европскиот ден на органодонаторството, со симболично осветлување на Спомен-костурницата во зелена боја на 9 и 10 октомври. Зеленото светло, како симбол на Европскиот ден на донаторството, испрати порака за солидарност, хуманост и надеж. Истовремено потсетува на значењето на донаторството на органи, ткива и клетки. Со оваа…

„ПИТИЈАДА 2026“ на 108 MHz

  Сите настани од Фестивалот на Велешка пита и вино „Питијада 2026“ и годинава можете да ги следите на фестивалската фреквенција 108 MHz. Сите информации кои ви се потребни за и околу Питијадата и сé што треба да знаете пред да тргнете – програма, паркинг места, локации и други корисни информации можете да ги најдете…

ИЗВЕСТУВАЊЕ „Фестивал на Велешка пита и вино Питијада 2026“ (Времен режим на сообраќај)

ИЗВЕСТУВАЊЕ   Поради одржување на гастрономско-туристичка манифестација „Фестивал на Велешка пита и вино Питијада 2026“ на улица Благој Ѓорев во Велес во периодот од 08:00 часот на ден 08.10.2026 година па се до 21:00 часот на ден 12.10.2026 година, сообраќајот времено се преуредува и тоа:   На делот од улицата Благој Ѓорев на потег од…

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА ЗА НАЈСТУДЕНТ „ПРОФ.Д-Р ЃОРЃИ ШОПТРАЈАНОВ“ ЗА 2026 ГОДИНА

Врз основа на член 110 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.02/26 и 08/26), Одлуката за востановување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов („Службен гласник на Општина Велес“ бр. 17/07 и 10/26) , Комисијата за јавни дејности распишува   ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување…

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „ГЕМИЏИИ“ ЗА 2026 ГОДИНА

Врз основа на член 110 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.02/26 и 08/26), Одлуката за востановување награда за животно дело „Гемиџии“ („Службен гласник на Општина Велес“ бр.7/97; 7/01, 5/04 и 10/26) , Комисијата за јавни дејности распишува      ЈАВЕН ПОВИК за доделување на      наградата за животно дело „Гемиџии“…