ПО 18 ПАТ ФОЛКЛОРОТ ГО СПЛОТИ ВЕЛЕС

Со дефиле на ансамблите и фолклорните друштва од земјава и странство, вчеравечер започна 18 по ред Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2023“. Велешани со срдечни аплаузи ги пречекаа и им посакаа добредојде на играорците од Мексико, Северен Кипар, Словачка, Хрватска, Босна и Херцеговина, Турција, Македонија. Амфитеатарот во Младински парк беше преполн со љубители на изворниот фолклорен…

СТАРТУВА ИФФ ВЕЛЕС 2023

Традиционални ора и песни од различни нации и култури и автентични народни носии ќе бидат дел од 18 издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес 2023“. Од 5 до 8 јули годинава Велес ќе биде центар на богатиот народен фолклор на ансамблите од Македонија, Хрватска, Словачка, Босна и Херцеговина, Северен Кипар и Мексико. Свеченото отворање на…

ВЕЛЕС – НОВO ПОГЛАВЈЕ ВО ПРОМОЦИЈАТА НА ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ, ОТВОРЕНА ЕВРОПСКА КУЌА ВО ВЕЛЕС

Од минатата седмица Велес стана дом на петтата Европска куќа (Europe house), со што се зајакнува мисијата на Делегацијата на Европската унија за поврзување на младите со Европската унија и вредностите што ги носи Унијата. Надоврзувајќи се на инспиративните примери на Европските куќи во Скопје, Струмица, Крива Паланка и Битола, отворањето на Европска куќа Велес…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Денес и утре, петок и сабота (23 и 24. 06. 2023 година ) на дел од улица „Љубљанска“ ќе се изведуваат градежни работи за санирање на асфалтен коловоз оштетен од невремето. На улицата ќе бидат поставени барикади и знаци со кои ќе се пренасочи сообраќајот  со цел да се овозможи непречено изведување на работите. Барикади…

УЛТРАМАРАТОН И ПЛАНИНАРСКИ МАРШ ВО ЧЕСТ НА РАЦИН

Во чест на Рацин и по повод јубилејни 60. Рацинови средби и годинава се одржува 150 километарскиот ултрамаратон до Лопушник, местото на погибјето на великанот. Тројцата атлетичари, ентузијасти и почитувачи на ликот и делото на Рацин, тргнаа од Велес за да стигнат на Лопушник на 13 јуни, на денот кога во 1943 година е убиен…