ФОТОВОЛТАИЧНИ ПАНЕЛИ ПОСТАВЕНИ НА ЛОКАЛНАТА БИБЛИОТЕКА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

Уште една локална институција добива фотоволтаични панели. Во тек се зафати за поставување на фотоволтаици на покривот на локалната библиотека „Гоце Делчев“, со што ќе се постигнат заштеди во потрошувачката на електричната енергија. Со ваквите инвестиции значително се придонесува за зголемување на продуктивноста во работењето на библиотеката.

Јавен повик за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар во Велес

Јавен повик за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар во Велес Согласно Законот за младинско учество и младински политики, Општина Велес објавува Јавен повик за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар во Велес. Јавниот повик трае 15 (петнаесет) дена…

СООПШТЕНИЕ – ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на општина Велес дека во текот на следните денови ќе се вршат градежни активности – крпење на ударни дупки на асфалтни улици  на повеќе локации низ градот . Во текот на изведувањето на  градежните работи ќе се користи градежна механизација , ќе се поставува  соодветна сообраќајна сигнализација . На одредени локации можно…

„ШЕПА“ ЗАПОЧНА СО РАБОТА

Започна со работа регионалниот стационар за згрижување на бездомни животни „Шепа“. Стационарот има капацитет од 67 бездомни животни кои ќе се заловуваат, третираат и повторно пуштат на улица. Објектот опфаќа ветеринарна клиника за прием, преглед, кастрација, чипирање, лекување на домашни миленици или бездомни животни. Регионалниот центар  ќе опслужува девет општини, Велес, Чашка, Лозово, Свети Николе,…

5 МАЈ – ДЕН НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

На 5 мај се одбележува Денот на македонскиот јазик. Азбуката е создадена на 3 мај 1945 година а официјализирана е на 5 мај со објавување во весникот „Нова Македонија“. На овој ден оддаваме почит на македонскиот јазик се потсетуваме на Рацин и Конески, како и на сите нивни претходници и следбеници, дејци, основоположници на писмениот,…

122 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА МАКЕДОНСКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Денеска се одбележуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев. Тој бил убиен од турската војска во селото Баница, на патот кон Сер. Гоце Делчев важи за еден од најистакнатите национални херои и борци за независна и слободна Македонија. Тој е деец на Македонската револуционерна организација, идеолог, организатор и водач на…

ЧЕСТИТ 1 МАЈ, МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ТРУДОТ

По повод 1 Мај, Меѓународен ден на трудот, Општина Велес упатува честитки до сите работници во земјава и ширум светот посакувајќи им успешна работа, напредување во кариерата и вреднување на нивниот труд. Овој ден е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците затоа што тие се најважната алка во сите економски,…

КАРАСЛАРИ, ОРИЗАРИ, ЦРКВИНО И КЛУКОВЕЦ СО НОВО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Ново улично осветлување во селата Оризари, Караслари, Црквино и Клуковец. Изминатиот период се работеше на промена на мрежата на улично осветлување во овие четири села. Во наредниот период продолжуваат активностите на терен за целосно завршување на промената, како и за отстранување на дефектите во мрежата, со што новото улично осветлување ќе биде целосно функционално.  

КОНКУРС за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2025 година

Организацискиот одбор на културната манифестација „Рацинови средби“, врз основа на Одлуката бр.25-1524/8 од 29.04.2025 година за објавување Конкурс за доделување на наградата  „Рациново признание“ за 2025 година, објавува    К О Н К У Р С  за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2025 година     Наградата „Рациново признание се доделува за прозни, литературни…

И ГОДИНАВА ВЕЛЕС ЌЕ ТРЧА ЗА РАЦИН

„Трчаме за Рацин“ и годинава ќе се одржи атлетската трка на 5 и 10 километри во чест на бесмртниот Рацин. Во тек се подготовките за трката од страна на организаторот Здружението АК Борец. Освен за возрасните, детска трка ќе биде организирана и за најмалите на Велес. Од оваа година трката е дел и од Македонската…