СТОЈАН ИЛЧЕВСКИ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Во посета на Општина Велес денеска беше 23 годишниот Стојан Илчевски кој на големиот христијански празник Богојавление – Водици имаше среќа прв да стигне до Светиот крст во водите на Вардар. Со градоначалникот Марко Колев разговараа за желбата да се биде дел од чинот на осветувањето на водите, за значењето на празникот и плановите во…

СТОЈАНЧЕ ИЛЧЕВСКИ ОД ВРНАЛИИТЕ ГО ФАТИ СВЕТИОТ КРСТ

Дваесет и три годишниот Стојанче Илчевски од месноста Врналиите е најсреќниот од деведесет и седуммината велешани кои денеска скокнаа во ладните води на реката Вардар под Мало Мовче за да го фатат светиот животворен крст. Тој досега четири пати скокал по крстот во осветените води на Вардар, но годинава, со поддршка на неговата тајфа, успеал…

БОГОЈАВЛЕНИЕ ВОДИЦИ

Во пресрет на големиот христијански празник Богојавление Водици, Општина Велес ги повикува сите заинтересирани православни христијани кои сакаат да учествуваат на традиционалното фаќање на светиот крст од водите на река Вардар, да се пријават во просториите на Повардарската епархија денеска до 16:00 часот. Чинот на фрлање на светиот крст ќе се одржи во понеделник, 19…

83 ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ БЛАГОЈ СТРАЧКОВСКИ

На денешен ден, 14 јануари, се навршуваат 83 година од смртта на народниот херој Благој Страчковски. По тој повод, делегација на Општина Велес положи свежо цвеќе пред спомен бистата на Страчковски во Младински парк. Благој Страчковски е роден на 29 февруари 1920 година во Велес, во сиромашна работничка фамилија. По завршувањето на основното училиште веднаш…

ПЛОШТАД КОЈНИК ГО ДОБИ СВОЈОТ НОВ ЛИК

Заврши реконструкцијата на плоштадот на Којник. Жителите на едно од најстарите велешки маала, но и останатите граѓани, добија пријатно катче за одмор и релаксација. Во периодот што следува ќе се изврши преуредување на бехатон плочките на улицата околу плоштадот, а веднаш потоа ќе започне и целосната реконструкција на улицата „Васил Ѓоргов“.      

ПОДГОТОВКИ ЗА ИЗГРАДБА НА ДВА ПОТПОРНИ ЅИДА НА УЛИЦА „БЕЛГРАДСКА“

Во подготовка се два потпорни ѕида на улица „Белградска“. Со цел да се заштитат имотите на граѓаните и сообраќајот неопходна е изградба на потпорни ѕидови. Во тек се подготвителни зафати за изградба на два потпорни ѕида на улица „Белградска“ со кои ќе се обезбеди теренот пред реконструкција на улицата. Претходно се изврши целосна замена на…

Јавен повик за избор на членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Дервен“ Велес

Врз основа на  член 36 став 1 точка 15 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр.5/02 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.202/24), член 26 и 26-а од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14,…

ПРВОТО БЕБЕ ВО ВЕЛЕС Е ЖЕНСКО

На 01 јануари, во 11:51 часот се роди првото бебе во Велес. На одделението за гинекологија и акушерство во Општа бочница Велес, на свет дојде Мила, принова во семејството Штериовски. Таа се роди со тежина од 2.700 грама и должина од 50 сантиметри. Мајката и бебето се во добра здравствена состојба. Мајката и бебето ги…

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЛИЦА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ЈАВНИ РАБОТИ КОИ СЕ ПРИМАТЕЛИ НА ГАРАНТИРАНА  МИНИМАЛНА ПОМОШ И НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА СО ЖИВЕАЛИШТЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Врз основа на член 39 став (1) од Законот за социјална заштита („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/22, 236/22, 65/23 и 192/25), член 85 став (1) од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 37/97, 25/00, 101/00, 50/01,…

ВО ПЕТОК ЌЕ СЕ ПРОГЛАСАТ НАЈДОБРИТЕ СПОРТИСТИ ЗА 2025 ГОДИНА

На 26 декември 2025 година (петок), на брод Панини, со почеток во 19:30 часот, ќе се одржи спортската манифестација „Избор на спортист на годината 2025“. Настанот е во организација на Сојузот на спортови Велес и Општина Велес. Ќе бидат прогласени најуспешните спортисти, тренери, спортски екипи, спортски работници, судии. За своите постигнати резултати во индивидуални и…