СТАРТУВАШЕ УЛТРАМАРАТОНОТ ДО ЛОПУШНИК ВО ЧЕСТ НА РАЦИН

Во чест на Рацин, ултрамаратонците утрово го започнаа  ултрамаратонот до Лопушник, местото на погибјето на великанот Коста Солев Рацин. Петмината маратонци треба да истрчаат 156 километри до сабота, 13 јуни, денот кога во 1943 година е убиен Рацин Градоначалникот Марко Колев ги испрати маратонците и им посака поволни временски услови и во добро здравје да…

ДВОДНЕВНА ПРОЕКЦИЈА НА СЕРИЈАТА ЗА РАЦИН „ЦРВЕНИОТ ПОЕТ“

Во рамки на одбележувањето на 63. Рацинови средби, граѓаните ќе имаат можност да ја проследат телевизиската серија со наслов „Црвениот поет“ . Тоа е серија за животот и делото на Коста Солев Рацин, великанот на поезијата од  дваесетиот век, најреволуционерниот патриот и најромантичниот уметник што се родил во Македонија. Телевизиската серија е составена од 10…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ПО ОБЈАВЕНИТЕ ЈАВНИ ПОВИЦИ ЗА 2026

По објавените јавни повици за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед, инвертер клима и сончев термален колектор за 2026 година, комисијата ги отвори пристигнатите барања за субвенционирање и согласно одлуката, изборот по јавните повици ќе се реализира по принципот  „ со извлекување по случаен избор – транспарентно“ и тоа…

ПРЕТСТАВЕНИ 12 ИНИЦИЈАТИВИ ОД ЧЛЕНОВИТЕ НА ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС (ЛМС ВЕЛЕС)

Во организација на Локалниот младински совет на Општина Велес, денес беше одржан работен состанок помеѓу членовите на ЛМС Велес и Службеникот за млади во Општина Велес со донесувачите на одлуки на локално ниво, односно градоначалникот на Општина Велес, раководителката на Секторот за правни и општи работи, јавни дејности, јавни набавки, информатичка технологија и поддршка на…

ПОЕТСКО ЧИТАЊЕ „КОНДЕНЗИРАНИ ВОЗДИВИ“

Во рамки на програмата за 63. Рацинови средби, ученици од Гимнјазијата „Кочо Рацин“ утрово ги читаа безвремените стихови на Рацин и уште еднаш не потсетија на непроценливото културно наследство што го остави зад себе. На настанот присуствуваше и градоначалникот Марко Колев кој заедно со нив, во дворот на гимназијата засадија садници како симбол на слободата…

ООМУ „СТЕФАН ГАЈДОВ“ ГО ОДБЕЛЕЖУВА СВОЈОТ ЈУБИЛЕЈ, 80 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕТО НА УЧИЛИШТЕТО И 120 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ПАТРОНОТ

Општинското основно музичко училиште „Стефан Гајдов“ го одбележа својот јубилеј, 80 години од своето постоење и 120 години од раѓањето на патронот. Во изминатите осум децении музичкото училиште беше ризница на генерации талентирани музичари, педагозии уметници кои со својата работа оставиле траен белег во земјава и пошироко. Училиштето и во иднина останува посветено на музиката,…

ЧЕТВРТИ ДЕН ВЕЛЕШКИ СПОРТСКИ ИГРИ

Градскиот парк и вчера беше центарот на спортските настани во Велес.  Интересни и возбудливи спортски натпревари исполнети со аплаузи и поддрша од многубројната публика имаше на сите терени до доцните вечерни часови. И денеска продолжуваат натпреварите во сите спортови на овогодинешното јубилејно издание на Велешките спортски игри. Ве очекуваме!  

ТРЕТ ДЕН ВЕЛЕШКИ СПОРТСКИ ИГРИ

Во одлична атмосфера помина и третиот ден од Спортските игри Велес. Се одиграа многу натпревари на терените во Градски парк каде спортистите си ги измерија силите и освоија поени. Многубројната публика уживаше во натпревари во баскет, фудбал, одбојка на песок, тенис, а се дружеше и во катчето за опуштање и релаксација со вкусна храна и…

ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА РАШТАНСКИ ПАТ

Раштански пат е реконструиран. По завршувањето на сите подготвителни земјени зафати, се посла првиот слој асфалт, а потоа се стави и вториот асфалтен слој со што целосно заврши реконструкцијата на оваа делница. Дополнително беше изведен и тротоар со цел да се зголеми безбедноста на пешаците.  

ВТОР ДЕН ВЕЛЕШКИ СПОРТСКИ ИГРИ

Во спортски такмичарски дух помина и вториот ден од најмасовната спортска манифестација Велешки спортски игри. И во текот на вчерашниот ден се одиграа многу натпревари, а многубројната публика ги бодреше и навиваше за своите фаворити кои спортски се бореа за поен повеќе. Натпреварите продолжуваат и денеска, затоа бидете дел од оваа прекрасна спортска манифестација.