НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА „РАЦИНОВИТЕ ОДБЛЕСОЦИ ВРЗ СОВРЕМЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТА“
Во рамките на 62. Рацинови средби, во фоајето на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, се одржа научна конференција на тема „Рациновите одблесоци врз современиот македонски јазик и книжевноста. Конференцијата е во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и Општина Велес, а на неа учествуваа еминентни имиња од научната мисла за јазикот и книжевноста.…










