УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА СЕЛО ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА НА КП БР. 632/7 КО ОТОВИЦА ОПШТИНА ВЕЛЕС СО НАМЕНА А1.1-КУЌИ СО ДВОР
Потврда за одобрување Синтезен план
Општина Велес и годинава ќе организира Новогодишен базар на ракотворби. Се повикуваат сите заинтересирани граѓани, правни и физички лица, да поднесат барање за тезга во Граѓански сервис центар. Правните лица со барањето треба да достават копија од тековна состојба, додека физичките лица треба да достават копија од лична карта. Рокот за пријавување за учество во…
На 25 ноември 2025 година се одбележуваат 86 години од објавувањето на антологиската збирка поезија „Бели мугри“ на Коста Солев Рацин. По повод годишнината, во организација на Општина Велес и Локалната Библиотека „Гоце Делчев“, во медијотеката се прикажа документарниот филм „Бесмртниот“, што во чест на великанот го изработи библиотеката. Пред присутните гости се обрати проф.…
Започна реконструкцијата на улица „Пајак Планина“.Во тек се подготвителни градежни активности за реконструкција. По завршувањето на земјените работи улицата ќе се асфалтира.
Општина Велес ја одбележува годишнината од смртта на македонскиот револуционер и поет Ганчо Хаџи Панзов. На денешен ден се навршуваат 89 години од загинувањето на овој борец кој бил учесник во Шпанската граѓанска војна. Уште како ученик се вклучува во револуционерното движење на Велес, поради што е исклучен од велешката гимназија. Поради исклучувањето од велешката…
Во посета на Општина Велес беше в.д. Амбасадорот на ЕУ Бен Нупнау. Тој оствари средба со градоначалникот Марко Колев на која се разговарало за Пакетот за проширување од страна на Ецвропската Комисија како и за Извештајот за напредокот на Македонија за 2025 година. Тема на разговор биле и реалните состојби и очекувањата како и за…
Завршија градежните работи на паркинг просторот на новоизградениот кеј на реката Вардар. Паркингот го доби својот лик. Тој е одбележан и хортикултурно уреден а во наредните денови ќе бида ставен и во функција. Со ова решение ќе се намали сообраќајниот хаос во центарот на градот додека не се изгради подземната катна гаража.
ПОКАНА Почитувани, Општина Велес Ве поканува на JАВНA РАСПРАВA ПО НАЦРТ-ДОКУМЕНТИТЕ НА ОПШТИНАТА ЗА 2026 ГОДИНА. Јавната расправa ќе се одржи на 19.11.2025 година (среда) во електронската сала на Општина Велес и тоа за: преставници од областите на образованието, културата, здравствената и социјална заштита, како и од здруженија и фондации (невладини организации, културно уметнички…
Се реконструира водоводната мрежа на улица „Роса Плавева“. Старите дотрајани цевки се заменуваат со нови со што ќе се подобри квалитетот на водоснабдувањето во овој дел од градот.