ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Почитувани сограѓани,   Во името на Советот на Општина Велес и во мое лично име Ви го честитам Меѓународниот ден на човековите права. Слободата и правата на човекот се основните постулати на секое демократско општество. Загарантирани со Устав, овие права се еднакви за сите граѓани без разлика на раса, боја на кожа, пол, јазик религија,…

ЌЕ СЕ ЗАЈАКНУВА СОРАБОТКАТА СО ГЕРМАНСКИТЕ СТОПАНСТВЕНИЦИ

На покана на македонско-германското стопанско здружение и Фондациите „Фридрих Еберт“ и „Конрад Аденауер“, Градоначалникот Марко Колев присуствуваше на панел дискусијата „Идната споработка помеѓу општините и стопанството“ што се одржа во Скопје. На конференцијата учествуваа и се обратија Н.Е. Анке Холштајн, Амбасадор на Сојузна Република Германија, Рене Шлее, Директор на Фондацијата „Фридрих Еберт“ и Даниел Браун,…

Стратегија за родова еднаквост на Општина Велес

Во рамките на кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство, на 7 декември се организираше работилница за Стратегија за родова еднаквост на Општина Велес. Членови на Советот, претставници на институции, општинската администрација и граѓанските организации заеднички планираа и развиваа иницијативи за креирање на родово-одговорен буџет. Се отворија  дел од клучните прашања за вклученоста на…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 8 ДЕКЕМВРИ – СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Почитувани,   Во име на Советот на Општина Велес и во мое лично име, на сите припадници на православната вероисповед, им го честитам големиот христијански празник 8 декември – Свети Климент Охридски. Еден од првите средновековни словенски светци, научник, писaтел и просветител на Словените, Свети Климент Охридски бил најревносниот и  најистакнаиот ученик на Светите Кирил и Методиј кој…

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС СО ПОДДРШКА НА КАМПАЊАТА 16 ДЕНА АКТИВИЗАМ ПРОТИВ РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО

Во рамките на кампањата  16 дена активизам против родово базирано насилство денеска на симболичен начин акцијата ја поддржаа и претседателот и членовите на Советот на Општина Велес.  

ПОУ „МАЦА ОВЧАРОВА“ ВКЛУЧЕНО ВО ПРОЕКТ НА ЕРАЗМУС +

Посебното основно училиште „Маца Овчарова“ е вклучено во проектот  „Моите раце се огледало на мојата култура“. Проектот го реализира во партнерство со училишта од Грција, Србија, Италија и Турција. Целта на проектот е размена на културата на државите на знаковен јазик. Финансиски е поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност преку Програмата…

ОДБЕЛЕЖАН 5 ДЕКЕМВРИ, ДЕНОТ НА ВОЛОНТЕРСТВОТО

По повод 5 декември, меѓународниот ден на волонтерството, Општина Велес и ЗГ „Младите можат” од Скопје, организираа работилница за млади, дел од проект за поддршка на изборните реформи, поддржан од Швајцарската агенција за развој и Националниот Совет на Македонија. Преку дебата на тема „Какви активности сакам во мојот град?“ и споделување на идеи и лични…

ЗАВРШИЈА КОНЗЕРВАТОРСКИТЕ АКТИВНОСТИ НА МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА СВ. ДИМИТРИЈА

Завршија конзерваторските работи на живописот во Припратата на манастирската црква Св.Димитрија. Градоначалникот Марко Колев денеска се запозна со екипата на Конзерваторски центар која работеше на живописот од XIX век. При чистењето на живописот, во наосот во црквата откриен е постар живопис кој според квалитетот  е живописуван пред XIX век. Во Припратата откриен е живопис на…

ГРАДЕЖНИ ЗАФАТИ ВО ООУ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

Се реконструира и партерно се уредува училишниот двор на општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“. Градежните работи ги изведува фирмата „Пескара Вел“ со средства на училиштето во висина од околу 2.200.000 денари. Со нов лик училишниот двор треба да биде до крајот на годината. Градоначалникот Марко Колев денеска го посети училиштето и изврши увид…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРКО КОЛЕВ УПАТИ ЧЕСТИТКИ ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

По повод меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември, Градоначалникот Марко Колев денеска оствари средба со членови на Здружението на лица со телесен инвалидитет – Мобилност Велес. На средбата се разговараше за актуелната состојба на лицата со попреченост како и за проблемите со кои тие секојдневно се соочуваат. Покрај упатените честитки за меѓународниот ден,…