ПРЕДАДЕНИ ДОНАЦИИТЕ ВО СПОРТСКИ РЕКВИЗИТИ ВО РАМКИ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ

Со донации во спортски реквизити овозможени од општествено одговорни компании, денес завршија активностите за одбележување на Европската недела на мобилност 2025. Подигнувањето на свеста кај децата од најрана возраст за позитивното влијание на спортските активности на нивното здравје и на заштита на животната околина се мотив за реализација на Европската недела на мобилност. Донациите, во…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА 8 СЕПТЕМВРИ

Со положување на цвеќе пред споменикот на паднатите борци во Спомен костурницата, денеска се одбележа независноста на Република Македонија, 8 Септември. Делегации на Општина Велес, Армијата на Република Македонија, на јавни институции, политички партии и Здруженија на граѓани, им оддадоа почит на борците кои со својот живот се запишале во создавањето на овој значаен историски…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 8 СЕПТЕМВРИ

Општина Велес упатува честитки до сите граѓани по повод независноста на Република Македонија. На 8 Септември годинава се одбележува 34 годишнината од слободна, независна и самостојна Македонија. На овој светол датум го славиме раѓањето на една нова ера од битисувањето на македонскиот народ кој со векови се борел со единствена мисла, слободна и самостојна држава.…

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА АЛЕСКО ДЕМНИЕВСКИ БАУМАН

Денеска се навршуваат 64 години од смртта на македонскиот комунист и учесник во НОБ и во Шпанската граѓанска војна Алексо Демниевски Бауман. По тој повод градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, и претседателот на Советот на Општина Велес, Даниел Јаневски, положија свежо цвеќе пред неговата спомен биста. Почит на Бауман му оддаде и делегација на…

НОВ ПАРКИНГ НА КЕЈОТ НА РЕКАТА ВАРДАР

Во тек се градежни работи за изградба и уредување на паркинг простор кај новоизградениот кеј на реката Вардар до Мало мовче. Со изградбата на овој паркинг простор ќе се намали сообраќајниот хаос во центарот на градот до изградбата на подземната гаража.  

ЌЕ СЕ ЗАШТИТУВА ИСТОРИСКОТО И КУЛТУРНОТО БОГАТСТВО НА ВЕЛЕС

Во рамки на Годишната програма за 2025 година, министерството за култура и туризам издвои околу 20 милиони денари за поддршка на проекти во Велес за развој на културата и негување на историското наследтсво во Велес. За таа цел, министерот за култура и туризам Зоран Љутков заедно со директорот на Националниот конзеравторски центар Александар Јордановски и…