ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТА

Се известуваат сите граѓани на општина Велес, како и граѓаните кои гравитираат на тој дел од градот, дека од понеделник – 18.10.2021 год по нормализирање на временските услови, ќе започнат градежни актривности за реконструкција на асфалтен слој на улица Петре Поп Арсов. И тоа: од спој со ул Христо Татарчев  наспроти интернатот па се до…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА УЧИТЕЛОТ И НЕДЕЛАТА НА ДЕТЕТО

Почитувани просветни работнички и работници,   Во име на Советот на Општина Велес, во име на сите граѓанки и граѓани на Велес и во свое лично име, Ви го честитам 5 Октомври, Меѓународниот ден на учителот. Да се биде учител значи да се работи најблагородната професија, но да се биде добар учител е доблест, одговорност,…

ВЕЛЕС ДОМАЌИН НА МЕЃУНАРОДНА РАБОТИЛНИЦА ЗА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Во рамките на проектот „Знаење, заштита и вреднување на старите урбани јадра“ денеска во куќата на Касапови во Велес се одржа работилница во присуство на стручни лица за наследство од општините во Франција, Македонија и Албанија. Во својство на домаќин, присутните на работилницата ги поздрави градоначалникот Аце Коцвски. „Искрено се надевам дека ова пријателство ќе…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТА

Се известуваат сите граѓани на општина Велес, како и граѓаните кои имаат дејност – објекти, складишта, магацини и сл. во близина на фабриката А.Д „Киро Ќучук“, дека од 04.10.2021 год. (понеделник), со почеток од 07:00 часот, ќе се отпочне со реконструкција и модернизција на коловозот на патниот премин со елементи од рециклирана гума. Поради оваа…

ЗАПОЧНУВА МЕЃУНАРОДНАТА СКУЛПТОРСКА КОЛОНИЈА

Градоначалникот Коцевски денеска оствари средба со учесниците на третата по ред Меѓународна скулпторска колонија, со што се означи  почетокот на колонијата. Учесници на овогодинешната скулпторска колонија се Илко Стојанов од Велес кој воедно е и координатор на колонијата, Горан Ѓорев од Демир Капија, Горан Стаменков од Скопје, Никола Пијанманов од Струмица, Кирил Мукаетов од Кавадарци…

АКТИВНИ И ВО ТРЕТОТО ДОБА, ВО ВЕЛЕС СЕ ОДРЖАА 25. РЕПУБЛИЧКИ СПОРТСКИ ПЕНЗИОНЕРСКИ ИГРИ

Во организација на Сојузот на Здруженија на пензионери на Македонија, денеска во спортската сала „Гемиџии“ во Велес се одржаа 25. Републички спортски пензионерски игри. Домаќин на настанот е Здружението на пензионери Велес. На спортските игри учествуваа 152 пензионери од 32 општини. Учесниците ги поздрави Градоначалникот Коцевски и им посака успешни игри. „Сакам да Ви посакам…

ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА БОШЊАЦИТЕ

Почитувани припадници на бошњачката етничка заедница   Во името на Советот на Општина Велес, во името на сите граѓанки и граѓани на Велес и во свое лично име Ви го честитам 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. Општина Велес продолжува да ја негува традицијата на градење на соживот со различните етнички заедници кои се…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Почитувани граѓанки и граѓани,   Ве известуваме дека во периодот од 17 септември 2021 година до 17 септември 2022 година ќе се изведуваат градежни работи на локацијата Градски пазар Велес за извршување на Проект за подобрување на општинските услугиу – ИПА компоненти – за „Изградба на Градски пазар Велес“. Работите ги изведува фирмата „БВ ИНЖЕНЕРИНГ“Битола…

ВЕЛЕС ПРВА ОПШТИНА ВО ДРЖАВАТА СО ДИГИТАЛНА ГРАДСКА ПЛАТФОРМА

Благодарение на поддршката на ЕУ, Велес стана првата македонска општина која се брои меѓу градовите во Европа и светот кои имаат дигитална градска платформа на услуги. Градската платформа позната како „Градоначалничка табла“ овозможува контрола на услугите со помош на информатичката технологија. Денеска, Иво Пауновски и Тоде Буцевски во име на компаниите „А1“ и „Геонет“ на…

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ БЕЗ АВТОМОБИЛИ

Со затворање на дел од улицата „Никола Карев” и преку едукативна работилница за учениците од ООУ „Васил Главинов”, на интерактивен начин денес беше одбележан меѓународниот Ден без автомобили. Дружбата и учењето продолжија во дворот на подрачното училиште на ООУ „Свети Кирил и Методиј” во с. Црквино, каде учениците од прво до петто одделение возеа велосипеди…