ВЕЛЕС ПРВА ОПШТИНА ВО ДРЖАВАТА СО ДИГИТАЛНА ГРАДСКА ПЛАТФОРМА

Благодарение на поддршката на ЕУ, Велес стана првата македонска општина која се брои меѓу градовите во Европа и светот кои имаат дигитална градска платформа на услуги. Градската платформа позната како „Градоначалничка табла“ овозможува контрола на услугите со помош на информатичката технологија. Денеска, Иво Пауновски и Тоде Буцевски во име на компаниите „А1“ и „Геонет“ на…

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ БЕЗ АВТОМОБИЛИ

Со затворање на дел од улицата „Никола Карев” и преку едукативна работилница за учениците од ООУ „Васил Главинов”, на интерактивен начин денес беше одбележан меѓународниот Ден без автомобили. Дружбата и учењето продолжија во дворот на подрачното училиште на ООУ „Свети Кирил и Методиј” во с. Црквино, каде учениците од прво до петто одделение возеа велосипеди…

ОДРЖАН ТЕМАТСКИ ФОРУМ ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НАОДИ ОД СОЦИЈАЛНО МАПИРАЊЕ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Тематски форум со наслов „Презентација на наоди од социјално мапирање во Општина Велес“ денеска се одржа во Големата сала на Општина Велес. На форумот се презентираа клучните наоди од спроведеното социјално мапирање, во орагнизација на Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС, во соработка со Општина Велес и истрачувачката компанија „Стратум Рид“. Активностите се…

ЗДРАВИ И СРЕЌНИ ДЕЦА СО ВОЗЕЊЕ НА ВЕЛОСИПЕД

Со донации во велосипеди, топки, спортски реквизити, маички и житарки, овозможени од општествено одговорни компании, денес продолжија активностите за одбележување на Европската недела на мобилност. Донациите беа поделени во ОЈУДГ „Димче Мирчев” и во сите четири општински основни училишта во градот. Европската недела на мобилност 2021 несебично ја помогнаа општествено одговорните компании „Еуро-Фарм”, „Маркарт Македонија”,…

МОБИЛНОСТ 365

Општина Велес во периодот од 16 до 22 септември, секоја година ја одбележува Европската недела на мобилност. Оваа година со седумдневни активности и со различни целни групи, по деветти пат, тим од Општина Велес со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, здруженија на граѓани, општествено одговорни компании, поединци и јавни институции, организира активности…

СО ПОДДРШКА ОД ЕУ И УНДП ЌЕ СЕ ЗАЈАКНУВА ГРАЃАНСКОТО УЧЕСТВО ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски денеска потпиша Маморандум за соработка со УНДП за реализација на проектот ReLoad 2 во рамките на „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан. Со успешниот процес на апликација Општина Велес успеа да се најде помеѓу неколку македонски општини кои добија финансиска поддршка од ЕУ и УНДП за зајакнување…

ЕВГЕНИЈ ПОП АЦЕВ НАЈБРЗ НА ВЕЛЕШКИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН

Триесетина професионални пливачи и аматери учествуваа на осмиот по ред пливачки маратон, што се одржа во водите на езеро Младост во Велес. Организатор на маратонот е Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28“, а  техничка поддршка  дадоа Општинската организација на Црвен Крст Велес и  Кајак клубот „Бабуна“ Покровител на настанот е Општина Велес. Традиционалниот пливачки…

PUMP TRACK ВО ВЕЛЕС

Во рамките на Европската недела на мобилност, Општина Велес го продолжува проектот за изградба на полигон за велосипеди (pump track). Во Градскиот парк во Велес младите велешани ќа добијат место наменето за забава и рекреација, каде ќе имаат можност да уживаат во своите велосипеди, тротинети, ролери и скејтборди. Полигонот за велосипеди е втор ваков објект на…

ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА МЛАДИТЕ УЧЕСНИЦИ ВО СООБРАЌАЈОТ

Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2021, денес во медиотеката на ЛБ „Гоце Делчев” во Велес се одржа едукативна работилница на тема „Младите и безбедноста на патиштата “ со цел промовирање на безбедноста, здравјето и благосостојбата на младите луѓе во сообраќајот. Предавачи на работилницата беа претставници од МВР-СВР Велес кои на интерактивен…

ОБНОВА НА ПРЕМИНИ НА ЖЕЛЕЗНИЧКИ ПРУГИ ВО ВЕЛЕС

Првиот патен премин преку железничка пруга во државата ќе биде изведен во Велес од специјализирана хрвстка компанија, најави Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција Станува збор за гумени елементи изработени од рециклирана гума кои ќе бидат поставени на пругата. Првиот премин  во Велес ќе биде изведен кај железничката пруга пред фабриката Ќиро Ќучук. Работите ќе…