НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ“

НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ“ Способностите и достигнувањата на жените и девојките со попрченост, нивното економско јакнење и вклучување на пазарот на трудот беа темите на националната конференција насловена „Заедно сме посилни“  во организација на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености Велес. На конференцијата се обратија претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова,…

ЧИСТ ПОНЕДЕЛНИК НА МЕГДАН

И годинава традиционално се одбележа Чист понеделник на Мегдан. Со посно гравче, суви чушки,  мезиња и пијалоци, тамошните жители го прославија првиот ден по Прочка. Се собраа голем број на граѓани кои ја почитуваат традицијата и ја пренесуваат на новите генерации. Меѓу нив беше и градоначалникот Марко Колев кој им посака добро здравје и им…

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА УЛИЦА „ЛУЈ ПАСТЕР“

Продолжуваат градежните активности на улицата „Луј Пастер“ каде пред реконструкцијата се сруши постоечкиот потпорен ѕид и се прошири трасата на самата улица. Во тек е изградба на нова потпора за стабилизирање на косината од префабрикувани бетонски елементи, со што се решава уште еден долгогодишен проблем на граѓаните на Велес, кои ќе можат побезбедно да возат…

НАСКОРО ТЕАТАРСКИОТ ФЕСТИВАЛ „5РЕ“

Од 27 март до 16 април годинава ќе се одржи четвртото издание на театарскиот фестивал на комедија „5ре“. Граѓаните ќе имаат можност да уживаат во интересни театарски комедии и да се насмеат до солзи. Во чест на доајенот на театарското и филмското глумиште Петре Прличко, ќе биде доделена и наградата за животно дело. Во програмата…

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА КОНСТИТУИРАЊЕ НА ЛОКАЛНО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Општина Велес го објавува Јавниот повик за формирање на Иницијативниот одбор, чија задача е да го конституира Локалното собрание на млади. Формирањето на Иницијативниот одбор за конституирање на Локалното собрание на млади на Општина Велес е еден од чекорите за формирање на Локалниот младински совет. Иницијативниот одбор ќе биде составен од пет (5) членови, а…

ГРАДЕЖНИ ЗАФАТИ ВО ГОРНО ОРИЗАРИ

Во соработка меѓу Општина Велес и месната заедница од село Горно Оризари, деновиве се работи на поплочување на тротоар покрај локален пат кон селото. За овој градежен зафат Општина Велес достави 800 квадратни метри бехатон плочки, 800 метри рабници, 80 кубни метри тампонски материјал и 1000 квадратни метри геотекстил. Локалното население учествува со работна рака…

ОСМОМАРТОВСКИ БАЗАР ВО ВЕЛЕС

Општина Велес и годинава организира осмомартовски базар (цветен и ракотворби). По тој повод се повикуваат сите заинтересирани граѓани, правни и физички лица да поднесат барање за тезга во Граѓански сервис центар со тоа што во барањето треба да наведат со што ќе учествуваат на базарот со цвеќе или со ракотворби и да остават телефон за…

СПОРТСКИ ИГРИ ВЕЛЕС И ГОДИНАВА

Со Спортските игри Велес повторно ќе биде центарот на спортот во Македонија. Освен традиционалните натпревари во баскет, фудбал, тенис и одбојка на песок, годинава ќе има уште една спортска дисциплина како изненадување за сите посетители. Спортските игри ќе се одржат во првата половина на јуни на спортските терени во Градскиот парк. Спортските игри Велес започнаа…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ОБЈАВУВА ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЛИЦА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ЈАВНИ РАБОТИ КОИ СЕ ПРИМАТЕЛИ НА ГАРАНТИРАНА МИНИМАЛНА ПОМОШ И НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА СО ЖИВЕАЛИШТЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Општина Велес објавува Јавен Повик за ангажирање на лица за извршување на јавни работи кои се приматели на гарантирана минимална помош и невработени лица со живеалиште на територијата на Општина Велес, а врз основа на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на заштита на животната средина во 2025 год.под арх.бр. 25-4761/18 од 29.11.2024…