ОДЛИЧНА ПРЕТСТАВА ЗА НАЈМАЛИТЕ!

Вчеравечер во преполниот Амфитеатар децата отпатуваа “Во царството на другарството” во рамки на програмата на “Велешко лето 2025”. Најмалите уживаа, се смееја, пееја, но и се едуцираа заедно со актерите од Театар Хит на оваа актуелна тема.  

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на Општина Велес кои живеат или  транзитираат на улица Белградска на потегот од спој со улица Киро Ќучук до спој со улица Димитрие Чуповски дека почнувајќи од утре – САБОТА 16.08.2025 година па се до СРЕДА -20.08.2025 година да не ги паркираат своите возила на улицата заради потребата од започнување со асфалтирање.…

ПОЕТСКА ВЕЧЕР ВО КУЌАТА НА КАСАПОВИ

Во организација на Клубот на пистаели „Коста Солев Рацин“ вчеравечер во Куќата на Касапови се одржа традиционалната Велешка поетска вечер. Десетици автори и љубители на поезијата од цела држава дадоа парче од својата душа преку напишаните стихови. Прекрасниот амбиент го комплетираше музичарот Николче Николов – Никица со најубавите традиционални велешки песни. Програмата на „Велешко лето…

КОНЦЕРТ НА ВЕРОНИКА КАРАКОЛЕВА И ФРОСИНА ЏИНИ ВО ВЕЛЕС

Љубителите на класичната музика вчеравечер во Ликовниот салон имаа можност да го слушнат моќниот, богат и емотивен глас на оперската пејачка Вероника Караколева која со својот извонреден избор на класична музика предизвика силни емотивни реакции кај публиката. Сопранот Вероника Караколева и пијанистката Фросина Џини изведоа арии од познати странски и домашни композитори. Концертот на класична…

STREET FOOD FESTIVAL НА ВЕЛЕШКО ЛЕТО

Street food festival за прв пат во Велес. Фестивалот ќе се одржи во рамки на „Велешко лето 2025“ на кој ќе се претстават десетина угостители. Настанот ќе биде збогатен и со музичка поддршка. Фестивалот ќе се одржи од 22 до 24 август во Младински парк, во организација на здружението Мовембар од Велес во соработка со…

НЕСЕКОЈДНЕВЕН МОТО НАСТАН НА ВЕЛЕШКО ЛЕТО

Спортскиот настан што се случи вчеравчер на паркингот кај „Гимназијата Кочо Рацин“ собра над 260 мотоциклисти од Македонија и Србија. Учесниците се натпреваруваа во спора трка и гимкана и приредија несекојдневен настан за љубителите на овој спорт. На најдобрите од вкупно 46 натпреварувачи на гимканата и спората трка им беа доделени повеќе награди во различни…