АСФАЛТИРАНИ ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ „ПЕТАР ПОП АРСОВ“ И „8 МАРТ“

Заврши асфалтирањето на дел од улиците „Петар Поп Арсов“ и „8 Март“. Со завршен слој асфалт се послани 230 м² од улиците. Изведувач на градежните работи е фирмата „ДГПТУ БИТЕМ ДООЕЛ СКОПЈЕ“. Според Договорот склучен помеѓу Општина Велес и фирмата изведувач, во текот, следна за реконструкција и асфалтирање е дел од улицата „Архиепископ Михаил“.  …

СЕ РЕКОНСТРУИРА ФАСАДАТА НА ООУ „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ“

Во ООУ „Васил Главинов“ во тек се градежни работи на реконструкција на старата со нова енергетски ефикасна фасада. Градоначалникот Колев изврши увид во текот на градежните зафати на училиштето. Со новата термоизолациона фасада ќе се заштеди топлинска енергија и финансиски средства особено во зимските месеци. За реконструкција на фасадата се предвидени средства во висина од…

ЕВРОПСКИ ПЛАСМАН НА КАЈАК КАНУ КЛУБОТ „АРКА БОРЕЦ“ ВЕЛЕС

Градоначалникот Марко Колев денеска во просториите на Општина Велес се сретна со Претседателот на Кајак кану клуб „Арка“ од Велес, Љубомир Спсиќ заедно со дел од членовите на овој клуб. Градоначалникот  Колев беше запознат со последните спортски успеси на европски план. Кајак кану клубот „Арка-Борец“ Велес во категорија кајак на диви води, сениорска конкуренција –…

54 ДЕТСКИ РАЦИНОВИ СРЕДБИ – МЛАДИТЕ ПОЕТИ И ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ ТВОРЕА ВО ЧЕСТ НА РАЦИН

Во чест на безвремениот Коста Солев Рацин и годинава се одржаа Детските Рацинови средби. Во салата „Бели Мугри“ во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ по 54-ти пат, на едно место се собраа млади поети од повеќе градови во државата и талентирани ликовни уметници, чии творби и уметнички дела конкурираа на литераутурниот и ликовниот конкурс „Детски сништа…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖА 9 НОЕМВРИ, ПРАЗНИКОТ НА ГРАДОТ

Со свечена седница во салата „Бели Мугри“ во Локалната библиотека „Гоце Делчев“, Општина Велес го одбележа 9 Ноември, Денот на градот. Во своето обраќање, по повод 77 годишнината од ослободувањето на Велес, Градоначалникот Колев им го честиташе празникот на сите граѓани. „Со заеднички сили, заедно да се обидеме Велес да го развиваме во модерен и…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 9 НОЕМВРИ, ДЕНОТ НА ВЕЛЕС

Почитувани сограѓанки и сограѓани   Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име Ви го честитам 9 Ноември, Денот на Општина Велес и на ослободувањето од фашистичкиот окупатор. На овој ден одбележуваме 77 години слободен Велес, град со посебно место во срцата на сите нас кои живееме тука, но и на…

СЕ АСФАЛТИРААТ ДЕЛОВИ ОД УЛИЦИТЕ 8-МИ МАРТ, ПЕТАР ПОП АРСОВ, ЕНГЕЛСОВА И АРХИЕПИСКОП МИХАИЛ

Се асфалтираат дел од улиците „8-ми Март“, „Петар Поп Арсов“, „Енгелсова“ и дел од улицата Архиепископ Михаил. Градоначалникот Колев денеска изврши увид во градежните зафати на улиците. За реконструкцијата и асфалтирањето на улиците во вкупна должина од 400 метри, обезбедени се 2.904.334 денари со вклучен ДДВ. Изведувач на градежните работи е градежната фирма  ДПТУ „БИТЕМ…

ПОКАЗНИ ВЕЖБИ ЗА ЕВАКУАЦИЈА И ГАСЕЊЕ СО ПП АПАРАТИ ВО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ВЕЛЕС

По барање на вработените во основните и средните училишта во Велес, Територијалната противпожарна единица одржа низа показни вежби за евакуација во случај на пожар и гасење на пожар со ПП апарат. Во текот на изминатата недела обуки на вработените се одржаа во општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ во Горно Оризари, во Средното стручно училиште „Коле…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Општина Велес ги известува граѓаните дека почнувајќи од денес па во наредните две недели, екипи на анкетари, ангажирани од  израелската компанија „РОМ“ ќе вршат анкетирање на граѓаните на најфрекфентните локации во градот со цел да соберат податоци за изработка на Физибилити студија за јавен градски превоз. Општина Велес ги замолува граѓаните да им излезат во…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЛЕВ ВО ПОСЕТА НА НАЈМАЛИТЕ ВО ОЈУДГ „ДИМЧЕ МИРЧЕВ“

Градоначалникот Колев заедно со дел од општинската администрација денеска оствари работна посета на ОЈУДГ „Димче Мирчев“. На истата, со директорката на градинката Маја Велиновска, беше разговарано за сите сегашни и идни проекти и активности на кои ќе работи установата, како во делот на воспитно -образовната работа со децата, така и во дел од реализација на…