ПРВА ФЕСТВАЛСКА ВЕЧЕР НА ИФФ ВЕЛЕС 2024

Со традиционалното дефиле на учесниците низ улиците на Велес, вчеравечер започна 19 –то издание на Интернационалниот фолклорен фестивал Велес 2024. Велес пулсираше во ритамот на музиката, песната и танцот на фолклорните групи од земјава и од странство. Велешани имаа можност да проследат традиционални танци  од Турција, Украина, Словачка, Романија, Србија  и Австралија. Фестивалот свечено го…

ВЕЛЕС ДОМАЌИН НА 19. ИФФ

Традиционални танци и ора, роднокрајни песни и шарени носии низ улиците на Велес во наредните четири дена. Градот ќе живее во духот на песната, играта, традицијата. Од среда, 03 јули, Велес е домаќин на деветнаесеттото издание на „Интернационалниот фолклорен фестивал Велес 2024“. Фестивалот годинава има богата програма со настап на девет странски ансамбли од осум…

ВЕЛЕС ВИКЕНДОВ ДОМАЌИН НА СВЕТСКИ КУП ВО КАЈАК СПУСТ

Викендов во Велес за прв пат се одржа Светски куп во кајак и кану на Меѓународната кајакарска федерација.  Граѓаните имаа можност да бидат сведоци на професионални спустови на диви води и да уживаат во прекрасната глетка. На купот учествуваа околу 200 учесници од 17 држави и се натпреваруваа во шест дисциплини во машка и женска…

ВЕЛЕШКО ЛЕТО

Општина Велес за прв пат годинава организира Велешко лето за забавни летни денови. Настани исполнети со музика, литература, и уметност ќе бидат дел од секојдневието на велешани. Сите ваши креативни идеи за учество во културните настани во рамки на Велешко лето се добредојдени и можете да ги доставите на veleskoleto@veles.gov.mk    

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на општина Велес дека од денеска,  17 јуни, (понеделник) започнаа градежни работи за реконструкција на дел од улица „Никола Вапцаров“  од спој со улица „Тодор Јанев“ во должина од околу 150 метри. За време на изведувањето на градежните работи  улицата  ќе биде исклучена од сообраќај и ќе биде  поставена  соодветна сообраќајна сигнализација.…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНА ЛИНИЈА НА „ЛУЈ ПАСТЕР“

Започнува реконструкција на водоводната линија  на улицата „Луј Пастер“ за водоснабдување на комплекс згради Атлантис. Градежните работи ќе се изведуваат во траење од 90 дена. Трасата за работа започнува од спој со улица „Благој Ѓорев“ над игралиштето Тунел, поминува по цела должина на улицата „Луј Пастер“, наспроти цигланата „Киро Ќучук“, поминува под пругата и продолжува…