ПОЕТСКА ВЕЧЕР ВО СОКАЧЕТО НА ПОЕЗИЈАТА

„Сокачето на поезијата“ вчеравечер одекнуваше од стиховите на велешките поети. Писатели и членови на клубот на писатели што го носи името на великанот Коста Солев Рацин настапија со свои поетски читања. Во чест на Рацин, го споделија својот поетски збор инспирирани од истата жар -љубовта кон татковината, јазикот и вистината. Поетското читање го отвори проф.…

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за планскиот документ: Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежни парцели со намена А4.3

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Службен весник на  РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и “Службен весник на РСМ“ бр. 89/22, 171/22, 03/25), Градоначалникот на Општина  Велес,  донесесе   Одлука за неспроведување на стратегиска оцена…

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за планскиот документ: Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план со намена А4.3

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Службен весник на  РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и “Службен весник на РСМ“ бр. 89/22, 171/22, 03/25), Градоначалникот на Општина  Велес,  донесесе   Одлука за неспроведување на стратегиска оцена…

ПИСАТЕЛКАТА ОЛИВЕРА ЌОРВЕЗИРОСКА ДОБИТНИЧКА НА РАЦИНОВОТО ПРИЗНАНИЕ ЗА 2025 ГОДИНА

Наградата „Рациново признание“ годинава и припадна на македонската писателка и критичарка Оливера Ќорвезироска. Во конкуренција од 22 пријавени книги за доделување на престижната награда, тричлената жири комисија, во состав проф. д-р Илија Велес, проф. д-р Искра Тасевска Хаџи-Бошковаи м-р Игор Крајчев, одлучи Рациновото признание да го добие за книгата „Три Марии“. Книгата е ново прозно…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА РАШТАНСКИ ПАТ

Започна реконструкцијата на Раштански пат. Градежната механизација е на терен каде што во тек е целосна длабинска реконструкција на Раштански пат. Делницата е во должина од 800 метри, со што значително ќе се подобри патната комуникација кон овој дел од градот и околните села.  

УЛТРАМАРАТОНЦИ ТРЧААТ ДО ЛОПУШНИК ВО ЧЕСТ НА РАЦИН

Ултрамаратонците и годинава ја продолжија традицијата, утрово го започнаа  ултрамаратонот до Лопушник, местото на погибјето на великанот Коста Солев Рацин. Петмината маратонци треба да истрчаат156 километри до петок. Градоначалникот Марко Колев и советници на Советот на Општина Велес ги испратија маратонците и им посакаа поволни временски услови и во добро здравје да го истрчаат маратонот…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Општина Велес ги информира граѓаните дека поради подготовки и одржување на четвртото издание на Велешки спортски игри, Градскиот парк ќе биде затворен за сообраќај од денеска, 02 јуни, од 12 часот, па се до завршувањето на манифестацијата, 7 јуни. Во паркот ќе се пропуштаат само дистрибутерите до локалите кои претходно обезбедиле пропусница од организаторот на…

УШТЕ ЧЕТИРИ ДЕНА ДО СТАРТОТ НА СПОРТСКИ ИГРИ ВЕЛЕС

Се прават последните подготовки за стартот на четвртото издание на Спортски игри Велес. На овој спектакуларен спортски настан ќе учествуваат над 640 спортисти од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Шпанија, Италија, Иран, Куба, Америка, Франција и Ирска, а меѓу нив и познати репрезентативци и европски прваци кои ќе си ги одмерат силите во…