Службен гласник на Општина Велес бр.10/25
Службен гласник на Општина Велес бр.10/25
Службен гласник на Општина Велес бр.10/25
Во тек се градежни работи за изградба и уредување на паркинг простор кај новоизградениот кеј на реката Вардар до Мало мовче. Со изградбата на овој паркинг простор ќе се намали сообраќајниот хаос во центарот на градот до изградбата на подземната гаража.
Во рамки на Годишната програма за 2025 година, министерството за култура и туризам издвои околу 20 милиони денари за поддршка на проекти во Велес за развој на културата и негување на историското наследтсво во Велес. За таа цел, министерот за култура и туризам Зоран Љутков заедно со директорот на Националниот конзеравторски центар Александар Јордановски и…
Денеска се одбележуваат 84 години од смртта на македонскиот поет и револуционер Коле Неделковски. Пред спомен бистата на поетот, во кругот на средното стручно училиште, што го носи неговото име, делегации на Општина Велес и на јавни институции положија цвеќе и му оддадоа почит. Коле Неделковски е роден во велешкото село Војница. Тој е еден…
Со постилање на втор асфалтен слој денес заврши реконструкцијата на улица Белградска. Сите недостатоци од претходно нанесениот асфалт беа отстранети на товар на фирмата изведувач, со што го задржавме квалитетното извршување на работите во Општината. Оваа фрекфентна улица повеќе од 20 години наназад била запоставена поради нејзината должина и специфичноста на теренот, но со денешните…
Согласно член 113, став 1 и член 122, став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и “Службен весник на РСМ“ 89/22, 171/22, 03/25), Градоначалникот на Општина Велес издаде Б – Интегрирана еколошка дозвола на:…
Вчеравечер во преполниот Амфитеатар децата отпатуваа “Во царството на другарството” во рамки на програмата на “Велешко лето 2025”. Најмалите уживаа, се смееја, пееја, но и се едуцираа заедно со актерите од Театар Хит на оваа актуелна тема.