СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ВО ЧЕСТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Во чест на браќата Свети Кирил и Методиј, основоположници на словенската писменост и литература, денеска во Општина Велес се одржа свечена академија на која се доделија награди на најуспешните ученици и наставници од основните и средните училишта за 2024 година. Пред присутните во салата се обрати градоначалникот Марко Колев кој истакна дека делото на светите…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА ЛУЈ ПАСТЕР

Целосно ќе се реконструира улицата „Луј Пастер“. Во тек се подготвителни зафати за отпочнување на реконструкцијата на улицата, се руши потпорниот ѕид со цел да се прошири постоечката траса. Со овој зафат ќе се реши уште еден долгогодишен проблем на граѓаните и ќе се овозможи побезбедно возење во овој дел на градот.  

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА ВО ЧАЛОШЕВО

Градежни активности и во село Чалошево. Во тек се градежни зафати за реконструкција на улица во населеното место. Улицата е во должина од 80 метри и ќе се реконструира со завршен бетонски слој. Општина Велес продолжува со инвестирање во руралните средини кои се неопходни за рамномерен развој на општината.  

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА ВО СЕЛО ИВАНКОВЦИ

Во тек е реконструкција на улица во село Иванковци. Во должина од 150 метри на улицата се поставува бетонски слој. Општина Велес продолжува со градежни инвестиции во руралните средини и населени места.  

МОТО БИЧ ПАРТИ НА ВЕЛЕШКО ЕЗЕРО ПО 13 ПАТ

Над илјада мотоциклисти од земјава и од странство изминатиот викенд беа дел од традиционалниот Мото собир, што по 13 пат го организира Мото клубот „Носачи на крстот“ со поддршка на Општина Велес. Од езеро Младост до Велес, низ градските улици возеа мотоциклистите кои беа вистинско доживување за сите граѓани. Во рамки на манифестацијата се одржа…