ПАКЕТИ СО ХРАНА ДОСТАВЕНИ ДО ЖИТЕЛИТЕ НА СЕЛО С’ЛП

На барање на МЗ од село С’лп денеска се спроведе хуманитарна акција во организација на Општина Велес и ОО на Црвен крст Велес со поддршка на територијалната противпожарна единица. На жителите на селото им беа доделени пакети со храна и тоа 14 пакети во селото С’лп и по еден пакет за жителите во селата Карабуњиште…

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ ДИМЧЕ МИРЧЕВ

Денеска се одбележуваат 79 години од загинувањето на народниот херој Димче Мирчев. По тој повод делегација на Општина Велес положи свежо цвеќе пред спомен бистата во Младински парк и пред споменикот во дворот на детската градинка што го носи неговото име. Со свечена програма и настап на најмладите – децата во градинката, установата го одбележа…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД УЛИЦА „САРАЕВСКА“

Во сабота, 08 април 2023 година започнува реконструкција на дел од улицата „Сараевска“ и тоа од куќен број 59 до спојот со улицата „Тодор Јанев“. Градежните работи опфаќаат кршење на стара бетонска подлога, изнесување на шут, ископ на земја и транспорт до депонија, планирање и валирање на подлогата, армирање и бетонирање со завршен слој бетон.…

ВТОРО ИЗДАНИЕ НА КУЛТУРНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА ФЕСТИВАЛ НА ЏЕЗ, ВОРЛД И СОВРЕМЕНА МУЗИКА

Во рамки на Програмата за активности на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка и годинава ќе се реализира манифестацијата „Фестивал на џез, ворлд и современа музика“ на која ќе настапат бројни музички групи. Второто издание на овој фестивал ќе се реализира во септември во организација на Здружение за култура, уметност и млади…

Р Е Ш Е Н И Е за избор на здружение на граѓани на кое се делегира дел од надлежноста на Општина Велес во областа на културата –културната манифестација „Фестивал на џез,ворлд и современа музика“

Врз основа на член 24, став 2  и член 63 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ” бр.5/02) и член 4 од Одлуката за делегирање на дел од надлежностите на Општина Велес во областа на културата –културната манифестација  „Фестивал на џез,ворлд и современа музика“ („Сл. гласник на Општина Велес“ бр.1/23), а во согласност…

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ШЕГАТА ВО МЛАДИНСКИ ПАРК

Нашите најмлади сограѓани, облечени во костими на своите омилени јунаци од бајките и под маски го одбележаа 1 Април, денот на шегата. Општина Велес и годинава ја организираше традиционалната Априлијада, во која најмладите, од градинката „Димче Мирчев“ и учениците од сите основни училишта, со музика и песна се забавуваа во Младинскиот парк. На нивно големо…

КОНКУРС за доделување Актерска награда за животно дело „Петре Прличко“

ЦЕЛ НА КОНКУРСОТ             Конкурсот се распишува со цел да се соберат предлози за добитник на Актерската награда за животно дело „Петре Прличко“. ПРАВО НА УЧЕСТВО             Предлог за добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“  можат да поднесат физички и правни лица од областа на драмската уметност како драмски уметници, национални и…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Како резултат  на оштетување на дел од потпорен ѕид од камен на улицата „Димче Димовски Кокошарчето“ во Велес (во непосредна близина на  Стар Мост, позади станбена куќа) и обрушување на дел од ѕидот – камења  од различна големина, ве известуваме дека улицата не е безбедна  да се користи за пешаци и за возила  на потегот…