НА ПРВИОТ ДЕН ОД ПРОЛЕТНАТА АКЦИЈА СОБРАНИ 26 КУБНИ МЕТРИ ГАБАРИТЕН ОТПАД

Почна пролетната акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата во Општина Велес. Денеска, комунални работници од ЈКП „Дервен“, од неколку локации на градот собраа 26 кубни метри габаритен отпад. Граѓаните претходно го пријавија својот габаритен отпад во комуналното претпријатие. Пролетната акција за собирање и транспортирање на габаритниот отпад ќе трае до сабота, 08 мај.

Авионско прскање, против комарци во Општина Велес

Почитувани, Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна  дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, и Програмата за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2021 година, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност Општина Велес…