ПИТИЈАДА 2024 ОД 11 ДО 13 ОКТОМВРИ ВО ВЕЛЕС

Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2024“ ќе се одржи на 11, 12 и 13 октомври. Во тек се подготовките за најмасовната и најпосетената манифестација на која центарот на вниманието е вкусната традиционална велешка пита, но и богатата музичка понуда за сечиј вкус. Повеќе детали за настанот Општина Велес ќе објави наскоро на официјалната…

ВЕЛЕШКО ЛЕТО ВО ПОЛН ЕК

Танцуваме и другаруваме со членките на балетското студио „Анабела“. Во амфитеатарот во Младински парк, вечерва, 20 август, со почеток во 20 часот, анабелките со своите музички кореографии ќе го збогатат Велешко лето. Утревечер пак, 21 август, почнува Меѓународниот салон на стрип „Велес 2024’. Со стрип уметниците и нивните дела можете да се запознаете во просториите…

СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦА „ЉУБЉАНСКА“

Започна реконструкцијата на улица „Љубљанска“. Во тек е гребење на асфалтот и согласно временските услови во наредните денови ќе се продолжи со подготвителните активности за асфалтирање на улицата. Реконструкцијата на улицата е во реализација на Општина Велес во соработка со Светска банка и Министерството за транспорт и врски.  

УТРЕ ПОЧНУВА МЕЃУНАРОДЕН САЛОН НА СТРИП И СТРИП КОЛОНИЈА ВЕЛЕС 2024

Велес домаќин на 21. Меѓународен салон на стрип и на 6. Стрип колонија „Велес 2024“. Стрип центар на Македонија и Општина Велес ве очекуваат на свечено отворање утре, 21 август во европска куѓа Велес, со почеток во 20 часот. На настанот ќе учествуваат бројни гости, стрип уметници од земјава и од странство, кои преку изложби…