ОДЛУКА за избор на кандидат по Јавен оглас за засновање на работен однос на определано време во Општина Велес

Градоначалникот на Општина Велес, по спроведената постапка по Јавниот оглас со арх. бр.08-3324/2 од 08.2024 година, за прием на работник во работен однос на определено време на работно место – Самостоен референт-техничар за ИКТ, Одделение за информатичка технологија, Сектор за правни и општи работи, јавни дејности, јавни набавки, информатичка технологија и поддршка на градоначалникот, изврши…

ЈАВЕН ПОВИК – ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО за манифестацијата Фестивал на велешка пита и вино „Питијада 2024“

Општина Велес и оваа година традиционално ќе ја организира манифестацијата Фестивал на велешка пита и вино „Питијада 2024“ за презентација на питата пастрмајлија и виното каде производителите на пекарски и алкохолни пијалоци односно угостителите и винариите ќе го промовираат сопственото производство. Питијадата ќе биде од изложбен и продажен карактер. Цел на  манифестацијата е да се…

33 ГОДИНИ САМОСТОЈНА, СУВЕРЕНА И НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА

Со положување на цвеќе пред споменикот на паднатите борци во Спомен костурницата, во пресрет на 8 Септември, денеска се одбележа независноста на Македонија. Делегации на Општина Велес, Армијата на Република Македонија, на јавни институции, политички партии и Здруженија на граѓани, им оддадоа почит на борците кои со својот живот се запишале во создавањето на овој…

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА АЛЕКСО ДЕМНИЕВСКИ-БАУМАН

Општина Велес ја одбележа годишнината од смртта на македонскиот комунист и учесник во НОБ и во Шпанската граѓанска војна , Алексо Демниевски-Бауман. Денеска се навршуваат 63 години од неговата смрт. Во чест на Бауман, пред неговата спомен биста, свежо цвеќе положија делегации на Општина Велес и на Командата за доктрини и обука при велешката касарна…