ЗАПОЧНА ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ

По завршувањето на зимскиот распуст, учениците се вратија во училишните клупи. Утрово започна второто полугодие од учебната 2025/2026 година. Учениците од подрачното училиште на ООУ „Панко Брашнаров“ во Башино Село ја започнаа наставата во целосно реконструирана зграда, со значително подобри услови за одвивање на образовниот процес. Градоначалникот Марко Колев ги посети на првиот час и…

СТОЈАНЧЕ ИЛЧЕВСКИ ОД ВРНАЛИИТЕ ГО ФАТИ СВЕТИОТ КРСТ

Дваесет и три годишниот Стојанче Илчевски од месноста Врналиите е најсреќниот од деведесет и седуммината велешани кои денеска скокнаа во ладните води на реката Вардар под Мало Мовче за да го фатат светиот животворен крст. Тој досега четири пати скокал по крстот во осветените води на Вардар, но годинава, со поддршка на неговата тајфа, успеал…