ТУРИЗАМ

СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ РЕГИСТЕР НА УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ Rегистар на угостителски објекти  Превземи документ ПРОШЕТКИ НИЗ ВЕЛЕС Прв ден – прошетка низ стар Велес Втор ден – прошетка низ нов Велес Трет ден – прошетка околу црквите на Велес Четврт ден – прошетка по реките Бабуна и Тополка Петти ден – прошетка околу езерото Младост

КОЦЕВСКИ: „ШТЕТИТЕ СЕ ОГРОМНИ, НО НЕМА ПОВРЕДЕНИ НИТУ ЧОВЕЧКИ ЖРТВИ“

На денешната прес конференција што градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја одржа по повод вчерашниот голем пожар што го зафати подрачјето околу езерото Младост, ја информираше велешката и македонската јавност дека пожарот е ставен под контрола. „Во колективната меморија на велешани, вчерашниот ден ќе биде запаметен како еден од најтажните денови во однос на…

Заев: „Ќе расте нов живот, ќе живее Младост во Велес”

На просторот околу езеро „Младост” кој беше зафатен од голем пожар, денес увид извршија претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев со градоначалниците на Велес и Скопје и институциите кои беа надлежни за гасење на пожарот. Пред увидот Заев оствари средба со градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, командирот на Територијалната противпожарна единица…

Започна реконструкцијата на дел од улицата ” Благој Ѓорев”

На потегот од главниот влез на касарната „Алексо Демниевски – Бауман” до надвозникот кон улицата „Луи Пастер”, на дел од улицата “Благој Ѓорев”, во должина од околу триста метри, денес започнаа да се изведуваат градежни работи за реконструкција на завршниот слој на асфалтот. Поради високите температури и движење на тешки товарни возила предизвикано е свлекување…

Честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста

Почитувани сограѓанки и сограѓани,Во свое лично име и во име на Советот на Општина Велес, Ви го честитам 8 Септември, Денот на независноста. Посакувам овој ден да донесе нови и големи успеси за секого од Вас и Вашите блиски, како на приватен, така и на професионален план. Општина Велес пред себе постави цврсто зацртани цели…

ВЕЧЕР ВО ЗНАКОТ НА ВЕЛЕШКАТА СТАРОГРАДСКА ПЕСНА

„Дрво јаворово”, „Мара Акчиева” и многу други староградски песни беа дел од годинешната единаесетта по ред „Вечер на староградски песни” која традиционално ја организира ансамблот на староградски песни „Распеани велешани”. Настанот е организиран во чест на празнувањето на 8 Септември, Денот на независноста.Магијата на звуците од препознатливите велешки староградски песни во Младинскиот парк, вечерва ја…

НОВ СОВРЕМЕН ПАТ ЗА СЛИВНИК И РЕГИОНОТ

Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, пратеникот во Собранието на РСМ, Панче Иванов и градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, денес во просториите на Општина Велес остварија работна средба на која разговараа за…

ПОГОЛЕМА ВКЛУЧЕНОСТ НА ЛИЦАТА ОД РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Претставници на Министерството за труд и социјална политика, денес присуствуваа на работен состанок со градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на којшто разговараа околу утврдувањето на улогата, можностите и потенцијалите за вклучување на општината во остварување и заштита на правата на лицата со попреченост. Министерството за труд и социјална политика веќе ја спроведува Националната стратегија…

Отворена изложбата „Божествен премин” од Новица Трајковски

Во ликовниот салон во Велес, во текот на вчерашниот ден беше отворена изложба на слики на ликовниот уметник Новица Трајковски од Општина Илинден, насловена „Божествен премин”, која градоначалникот Коцевски ја прогласи за отворена. „На триесет дела, масло на платно се претставени сцени од убавините на македонските стари градби и неимарството на нашите стари мајстори, кои…