Голем интерес за субвенции за сончеви колектори и велосипеди
„Велешани покажуваат голема еколошка свест“, оцени денеска градоначалникот Аце Коцевски по големиот интерес на велешани да се пријават на повикот за субвенционирање на купен сончев термален колектор и за купен велосипед. По само два дена од објавувањето на јавниот повик, денеска до крајот на работното време во Општина Велес 86 граѓани поднеле барање за субвенции…