ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „ВО ГРАДИНАТА ИМА САМО ЉУБОВ“ ОД ФИЛИП ДИМКОСКИ
Во парковската површина на ООУ „Васил Главинов”, вечерва продолжи Велешкото културно лето „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’” каде се одржа промоција на поетската книга „Во градината има само љубов“ од авторот Филип Димкоски. Преку уметнички перформанс, кој на поразличен начин ја донесува поезијата до читателите беше промовирана оваа поетска збирка создавана четири години, а истата содржи песни поделени во неколку циклуси со заеднички мотив, љубов во…