ЌЕ СЕ ГРАДИ ПОТПОРЕН ЅИД НА УЛИЦА „КИРИЛ И МЕТОДИ“ ПОД ЦРКВАТА СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН
Се изведуваат градежни работи за темелење на потпорен ѕид на улица „Кирил и Методи“ под црквата Св. Пантелејмон, откако се сруши ѕид од камен и предизвика уништување на коловозот од улицата и загрозување на сообраќајот. Градоначалникот Марко Колев денеска изврши увид во градежните зафати на потпорниот ѕид во должина од седум метри и висина од…