Грант од 50.000 евра за Општина Велес!

Преку проектот “Поблиску до граѓаните – Зајакнување на општинските услуги преку нови технологии” создадовме нов софтвер за дигитализација на минимум 25 услуги, со кои ги донесовме општините поблиску до граѓаните. Со реализација на овој иновативен модел на меѓуопштинска соработка, кој е пример за останатите општини, го остваривме ветувањето за отворена и достапна општина, со комуникацијата…

Општина Велес дел од проектот „Место за растење: општини посветени на децата”

Општина Велес, заедно со учте четири други општини започна со спроведување на активностите кои се дел од проектот „Место за растење: општини посветени на децата”, спроведуван од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши” и Центарот за семејно и детско згрижување КМОП, Скопје. Во рамки на истиот, денес беше одржана инфо сесија со претставници на општинските…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Поради вградување на асфалтен слој  (асфалтирање), Делница 5 (делот од село Виничани до Градско) на ден 12.04.2023 година (среда) и на ден 13.04.2023 година (четврток) во периодот од 08:00 до 18:00 часот, ќе биде затворена за сообраќај. Реконструкцијата на делницата е во рамки на проектот „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес-Градско.  

Работата на Градскиот пазар е во финална фаза!

Интензивно се работи на повеќе позиции на Градскиот пазар и остварување на заложбите за што побрзо да биде ставен во функција. И покрај сите предизвици со подземната инфраструктура и економската и енергетската криза со кои се соочивме, градежните активности се во финална фаза. Со завршувањето на оваа фаза трговците и посетителите ќе добијат модерен пазар…