ВО ВЕЛЕС -ПРВАТА ДОБРО ОПРЕМЕНА ДЕТСКА БОЛНИЦА НА БАЛКАНОТ

Во рамки на активностите за одбележување на 9 Ноември, Денот на ослободувањето на Велес, вечерва во фоајето на НУЦК Театар “Јордан Хаџи Константинов – Џинот” беше промовирана книгата “100 години од првата детска болница во Велес” од истакнатиот новинар, публицист, романописец и истражувач, Јосиф Џочков. Имено,точно пред 100 години во далечната 1919 година, во периодот…

ВЕЛЕС ГО ПРАЗНУВА ДЕНОТ НА ОПШТИНАТА

Вечерва во НУЦК „Ј.Х.К.- Џинот“ во рамките на Свечената академија велешани ги слушнаа имињата на добитниците на Деветтоноемвриските награди.„Нашата саможртва е вградена во темелите на македонската држава.Секогаш може повеќе и подобро.Тоа е девизата и мотивацијата што не поттикнува неуморно да работиме за Велес и за благодетта на сите наши сограѓанки и сограѓани.Апелирам сите заедно да…

ВОЈКО ЈАНЕВСКИ – 50 ГОДИНИ ТВОРЕШТВО

Во рамки на деновите за одбележување на 9 Ноември, Денот на ослободувањето на Велес вечерва беше одбележан пеесет годишниот јубилеј од творештвото на академскиот вајар, реномираниот велешанец, Војко Јаневски. На ликовната изложба беа изложени 45 слики изработени во разни техники, цртеж со туш, цртеж со бајц, масло на платно, акварел и во комбинирана техника, шест…

НАЈМЛАДИТЕ ЗА ПОЧИСТ ВЕЛЕС

По повод 9 Ноември, Денот на Општина Велес, денес во Младинскиот парк се одржа едукативен час по возење велосипед на кој учениците од основните и средни училишта од градот и децата од ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев” научија нови вештини за правилно управување со велосипедот. На настанот кој го организираше ЗГ „Велес бајкинг” и Општина…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТ

Општина Велес ги известува граѓаните дека на 9 Ноември 2019 година (сабота), ќе отпочне со градежни активности на улица „Рилски Конгрес”, под куќен број 57. Градежните активности ќе се изведуваат во две фази. Првата фаза опфаќа изведба на армирано бетонски потпорен sид. При самата изведба на sидот, ќе се стесне профилот на улицата и нема…

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА НОВ ПАРК ВО ВЕЛЕС

По повод 9 Ноември, Денот на Општина Велес, денес беше пуштен во употреба новоизградениот парк во Комплекс УЗУС.Граѓаните од овој комплекс на згради добија нов парк. Паркот се простира на површина од 6000 м2, хортикултурно уреден, со изградена нова пешачка патека во должина од 370 метри и внатрешни патеки со должина од 300 метри. Поставено…

ПОСТАВЕНИ ШЕСТ НОВИ СКУЛПТУРИ ВО ВЕЛЕС

Маски, Гемиџии, Блажена, Игра, Балерина и Ангел се имињата на новите 6 скулптури кои ќе ги красат јавните површини во нашиот град. Во периодот од 24 јуни 7 јули 2019 година, шест уметници, скулптори од државата и странство беа дел од првата меѓународна скулпторска колонија „Велес 2019”. Тие изработија шест значајни дела со што создадоа…

75 ГОДИНИ – СЛОБОДЕН ВЕЛЕС

По повод 9. Ноември, Денот на Општина Велес, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денеска традиционално организираше прием за делегација на Општинската Организација на Сојузот на борците. Во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на сите велешанки и велешани, градоначалникот Коцевски им упати благодарност за нивниот голем придонес…