Честитка од градоначалникот Коцевски по повод 5 мај, Денот на македонскиот јазик
Почитувани сограѓанки и сограѓани, Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име Ви го честитам 5 мај, Денот на македонскиот јазик и македонската азбука. Македонскиот јазик е прогласен за официјален јазик на Демократска Федерална Македонија во 1944 година, а како основа е земен велешкиот говор заедно со останатите дијалекти од централното наречје, врз кои…