БЕЗВРЕМЕНИ ЕВЕРГРИН РЕФРЕНИ ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ
На отворената сцена на амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес, вечерва продолжи Велешкото културно лето „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’” со концертот на забавна музика „Евергрин поп-рок сцена” на кој настапија велешките поп-рок групи „Тринити” бенд и „R’n’B neighbors”. Поради временските неприлики концертот беше откажан од првично утврдениот датум и одржан вечерва согласно пропишаните протоколи…