ВО ПОРАНЕШНОТО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ Ј.Х.К.ЏИНОТ ЌЕ СЕ ПРЕСЕЛИ ДРЖАВНОТО ПОСЕБНО УЧИЛИШТЕ „МАЦА ОВЧАРОВА“ А НА ПРИЗЕМЈЕТО ЌЕ СЕ ОТВОРИ НОВ КЛОН НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА „ДИМЧЕ МИРЧЕВ“

На следната Седница на Советот на Општина Велес, Градоначалникот Коцевски ќе предложи одлука, горниот кат на поранешното основно училиште „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ , без надомест да се додели на користење на Државното Посебно основно  училиште „Маца Овчарова“ и да се изгради посебен влез за овие ученици. Приземјето да се намени за клон на Детската…

АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ

Општина Велес ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да бидат дел од пописот на населението што ќе се реализира од 01 до 21 април годинава, да се јават на огласот за попишувачи што е објавен на официјалната веб страница на Општина Велес и на огласните табли во седиштето на пописната комисија. Огласот е објавен…

ИЗБРАН ИЗВЕДУВАЧ НА ИНКЛУЗИВНОТО ИГРАЛИШТЕ НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ

Заврши тендерската постапка за избор на изведувач на работите за изградба и уредување на регионалното инклузивно игралиште на езерото Младост, информираше Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција. „Овој значаен проект е еден од првите во државата кој овозможува услови за игра и рекреација на децата и младите со попреченост“, рече Коцевски Проектот насловен „Инклузивен туризам…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО СКЛУЧИ ДОГОВОРОТ СО ФИРМАТА ШТО ЌЕ ГО ГРАДИ ГОРНИОТ ДЕЛ ОД ПАЗАРОТ

Општина Велес го склучи договорот со  фирмата „БАУЕР БГ ДОО од Скопје која го доби тендерот за изградба на Покриениот Градски пазар, фаза 2 односно горната платформа на пазарот. „Фирмата изведувач на градежните зафати треба до нас да достави банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот, во износ од 10 % од вкупната вредност на…

ПОСТАВЕНА ПУМПА ЗА ХЛОРИРАЊЕ НА ВОДАТА ОД ВОДОВОДОТ ВО МАМУТЧЕВО

На денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски ја информираше јавноста дека Општина Велес испратила барање за итно постапување до ЈКП Дервен во однос на водоводните линии во населените места  Мамутчево и Иванковци, затоа што последните анализи на здравствената безбедност на водата, направени на почетокот на месецов, покажаа дека водата е неисправна за пиење поради присуство на…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ПРОТИВ ПОСТАПКАТА ЗА ИЗГРАДБА НА ЦЕМЕНТАРНИЦА ВО ВЕЛЕС

На денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски го презентираше ставот на Општина Велес за изградбата на Цементарницата во кругот на каменоломот „Техно Павер“ во населбата Превалец. Општина Велес изготви Мислење кое ќе биде доставено до Министерството за животна средина. „На 10 март  беше одржана средба во мојот Кабинет со новиот сопственик на инсталацијата, кој изјави дека…

ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СОСТОЈБА ВО ВЕЛЕС СТАНУВА СЕРИОЗНА

Ковид состојбата во Велес станува сериозна и полоша од минатиот месец, бидејќи бројот на новозаразени постојано е во пораст. Ваква оценка денеска утврди Кризниот Штаб за заштита и спасување на триесет и втората седница. Според епидемиолозите и докторите овој сој на вирусот многу побрзо се шири, побрзо се развива и предизвикува компликации кај заболените лица.…