КОНКУРС за делегирање надлежност за организирање и реализирање на културната манифестација „Детски Рацинови средби” на здружение на граѓани

Се делегира надлежноста од областа на културата предвидена во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка во 2023 година што се однесува на организирање, реализирање и менаџирање на културната манифестација:   „Детски Рацинови средби”.   Финансиските средства во висина од 120.000,00 денари за делегираната надлежност за тековната година се …

КОНКУРС за делегирање надлежност за организирање и реализирање на културната манифестација „Рацинови средби” на здружение на граѓани

Се делегира надлежноста од областа на културата предвидена во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка во 2023 година што се однесува на организирање, реализирање и менаџирање на културната манифестација:   „Рацинови средби”   Финансиските средства во висина од 600.000,00 денари за делегираната надлежност за тековната година се  обезбедени…

81 ГОДИНА ОД ШТРАЈКОТ НА ВЕЛЕШКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ!

Никола Стојановски, Благој Кирков, Благој Јанушев, Орце Иванов и Анче Андреев се само дел од имињата чие ехо го слушаме и денес. На денешен ден, 14 март 1942 година, младите велешки гимназијалци го подигнале гласот против бугарската асимилаторска политика врз македонскиот народ, бојкотирајќи ја наставата на бугарски јазик. Многу пати велиме дека историјата се повторува.…

116 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО ГЛУМИШТЕ ПЕТРЕ ПРЛИЧКО

Денеска се одбележуваат 116 години од раѓањето на еден од најголемите македонски актери на сите времиња Петре Прличко. По тој повод, во чест на неговиот  лик и дело, градоначалникот Марко Колев положи свежо цвеќе пред спомен бистата во Младинскиот парк. Почит му оддадоа и претседателот на Советот на Општина Велес, Зоран Љутков како и актерите…

РЕЗУЛТАТИ ОД ЕВАЛУАЦИЈАТА НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ОД ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ДОБИЕНИ НА ВТОРИОТ ЈАВЕН ПОВИК ВО 2022 ГОДИНА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ RELOAD2

По извршеното разгледување и оценување на пристигнатите пријави од Здруженија на граѓани од Велес, а во врска со вториот Јавен повик во 2022 година за поднесување пријави за проектот ReLOaD2, официјалните резултати можете да ги најдете на следниот ЛИНК

ОБЈАВА бр. 1/2023 (прв пат) за давање под закуп на недвижна ствар во сопственост на Општина Велес со електронско јавно наддавање

ПРЕДМЕТ НА ЈАВНОТО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ   Предмет на јавното електронско наддавање е објект-Градски базен во сопственост на Општина Велес, кој се наоѓа на КП 1798 КО Велес запишан во ИЛ бр.23410 за КО Велес. Истиот се издава во закуп во времeтраење од десет години од денот на потпишувањето на договорот за закуп со најповолниот понудувач.…

СЕ ИЗРАБОТУВА НОВАТА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА МЛАДИ 2023 – 2027

Денеска во Велес се одржа работна средба за консултации со младите од Велес, со претставници на ученичките и средношколски заедници, со претставници на младински здруженија, подмладоци на политички партии, претставници на Младинскиот центар од Велес, на Локалниот младински совет и други групи млади, кои дискутираа и ја разгледуваа првата драфт верзија на новата Национална стратегија…