ВО ВЕЛЕС СЕ ОТВОРА МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР

Со финансиска поддршка од Владата, преку Агенцијата за млади и спорт од денес официјално започна проектот за отворање на Младински центар во Велес. Отворањето и работата на Младинскиот центар  беа во фокусот на првата работна средба во Велес  на која присуствуваа градоначалникот Аце Коцевски со претставници на Владата, Агенцијата за млади и спорт и Сојузот…

Во тек десетина градежни активности и проекти

И покрај зимскиот период во кој вообичаено градежните работи запираат, Општина Велес во моментов реализира десетина значајни градежни зафати во градот и населените места. Како што денеска соопшти градоначалникот Аце Коцевски се работи на реконструкција на водоводни линии на улиците „8Март“ и „Богдан Каракостев“. Овие проекти се дел од вкупно 8 инфраструктури зафати финансирани од…

ОБЕЗБЕДЕНИ 1.900.000 ЕВРА ЗА ИЗГРАДБА НА УЛИЦИ И ПАТИШТА

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес најави повеќе проекти  и градежни активности за асфалтирање на улици и патишта во Општина Велес кои ќе придонесат за подобро, побезбедно и квалитетно одвивање на сообраќајот како во градот, така и во населените места во Општина Велес. „По договорот за заем за финансирање проекти за поврзување на…

ОБЕЗБЕДЕНИ СРЕДСТВА ЗА ХИДРОСИСТЕМОТ „ЛИСИЧЕ”

„На предлог на Владата, Собранието на РСМ донесе Закон за задолжување со заем кај Кредитната банка за обнова КФВ, по договор за заем за финансирање на Програмата за наводнување од која од вкупниот износ 26.000.000 евра се наменети за хидросистемот „Лисиче’”, истакна градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, на денешната прес конференција пред новинарите. Средствата…

НОВ ЗАТВОРЕН ГРАДСКИ ПАЗАР ВО ВЕЛЕС

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, најави дека Владата и доделува 40.000.000 денари на Општина Велес за изградба на нов затворен градски пазар. „Со Одлука за одобрување на средства од буџетот за 2019 година, од ставката за капитални дотации на единиците на локална самоуправа, од страна на Владата на РСМ, на…

МЛАДИНСКИ КРЕАТИВЕН ЦЕНТАР ВО ВЕЛЕС

„Со поддршка на Владата и Агенцијата за млади и спорт деновиве ги финализираме подготовките за реализација на проектот за отворање на Младински креативен центар во Велес”, изјави градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, на денешната прес конференција пред новинарите. Во рамки на Центарот, кој ќе биде лоциран во расположивите простории на локалната библиотека „Гоце Делчев“,…

ПОДОБРУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО ВЕЛЕС

Над пет илјади граѓани од Општина Велес ќе имаат придобивки од реализацијата на проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници“ чии почетоци беа денес официјално означени од страна на Хабитат Македонија – организација лидер на проектот. На денешната презентација што се одржа во просториите на Хабитат Македонија во Скопје, заменик директорката за програмата на Хабитат…