СООПШТЕНИЕ

Општина Велес ги известува граѓанките и граѓаните дека поради оштетени светлечки кордони на новогодишната елка во Младински парк, од страна на несовесни граѓани, истата повеќе не е безбедна за посетителите на паркот. Поради тоа службите на Општина Велес ќе извршат исклучување на новогодишната елка, а во текот на наредните денови, во зависност од временските услови,…

ПОДЗЕМНИТЕ КОНТЕЈНЕРИ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС ОД ДЕНЕС СЕ ВО ФУНКЦИЈА

Подземните контејнери што Општина Велес ги постави низ градот од денеска се ставени во употреба. Седум контејнери се поставени на различни локации и тоа на улица „Илинденска“ до трговскиот центар ВЕ МОЛ, на улица „Методија Андонов Ченто“ пред пешачкото мовче на Битолска пруга, на улица „8ми Септември“ помеѓу Централен регистар и Основен суд Велес и…

СЕ ОДРЖА ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ,,ИЗГРАДБА НА ПОКРИЕН ГРАДСКИ ПАЗАР ВО ВЕЛЕС“

Во Големата сала на Општина Велес се одржа јавна дебата на која архитект од проектантската куќа ,,Друштво за геодетски работи, трговија и услуги  ГЕО БАЛКАН“ увоз-извоз ДООЕЛ Битола го презентираше основниот проект за изградба на покриен Градски пазар во Велес. Освен присутните во салата, презентацијата ја следеа  онлајн, новинари, архитекти и други заинтересирани граѓанки и…

Божиќна честитка од Градоначалникот Коцевски

Почитувани сограѓанки и сограѓани, православни верници Во името на Советот на Општина Велес и во свое лично име, Ви го честитам најголемиот христијански празник Божиќ – денот на Христовото раѓање. Празнувањето на Божиќ вообичаено не потсетува на топлина, мир и спокој во душата, неизмерна љубов кон Бога и најближните, сочувство и емпатија кон слабите и…

ПОВИК ЗА СЛЕДЕЊЕ И/ИЛИ УЧЕСТВО ВО ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ИЗГРАДБА НА ПОКРИЕН ГРАДСКИ ПАЗАР ВО ВЕЛЕС”

Почитувани, Општина Велес Ве поканува да ја проследите и/или земете активно учество на Јавната расправа на која ќе биде презентиран проектот „Изградба на покриен Градски пазар во Велес”. Јавната расправа ќе се одржи во понеделник, (11 јануари 2021 година), со почеток во 17:00 часот. Поради актуелната состојба со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, Јавната расправа…

Градоначалникот Коцевски им посака добро здравје и многу среќа на мајката и првото новороденче во Велес

По три дена во Новата Година се роди првото бебе во Велес. На  3 Јануари 2021 година (недела) во 21.30 часот, дваесет и три годишната Симона Панова од Велес на свет донесе здраво женско дете. Бебето е тешко 2980 грама, долго 50 сантиметри. Ова е прва рожба на родилката која се породила во домашни услови,…

СООПШТЕНИЕ За организирање на јавна презентација и јавна анкета ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА За А4 времено сместување На КП бр. 1599/2 КО Башино Селo, Општина Велес

Граници на  плански опфатот се поклопуваат со катастарски парцели: КП1599/1, КП 1598 и КП 1615 која е пристапен пат до парцелата. Сите парцели се КО Башино Селo, Општина Велес. Опфатот е со површина од 0.14 ха. Јавната анкета и Јавната презентација по ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА За А4 времено сместување На КП бр. 1599/2 КО Башино…

СРЕЌНА И УСПЕШНА НОВА ГОДИНА

Драги сограѓанки и сограѓани, почитувани велешанки и велешани каде и да сте на земјината топка, дами и господа, Ви посакувам добро здравје, многу среќа, мир, спокојство, благосостојба и многу успеси и дострели на личен и професионале план. Нека Новата 2021 година ви биде многу посреќна и поуспешна од годинава што изминува.  

БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ ПОЕДИНЦИ, ИНСТИТУЦИИ, ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, БИЗНИС ЗАЕДНИЦА, МЕДИУМИ ЗА СОРАБОТКАТА И ПОДДРШКАТА

Драги сограѓанки и сограѓани, почитувани велешанки и велешани, дами и господа Навистина е задоволство што дури и во вакви тешки услови на пандемија која го успори животот на глобално ниво сепак успеавме да реализираме многу приоритети и да ги поставиме основите за уште поголеми проекти во престојната година. Им благодарам на сите поединци, институции, граѓански…