НОВ СОВРЕМЕН ПАТ ЗА СЛИВНИК И РЕГИОНОТ

Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, пратеникот во Собранието на РСМ, Панче Иванов и градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, денес во просториите на Општина Велес остварија работна средба на која разговараа за…

Започна реконструкцијата на дел од улицата ” Благој Ѓорев”

На потегот од главниот влез на касарната „Алексо Демниевски – Бауман” до надвозникот кон улицата „Луи Пастер”, на дел од улицата “Благој Ѓорев”, во должина од околу триста метри, денес започнаа да се изведуваат градежни работи за реконструкција на завршниот слој на асфалтот. Поради високите температури и движење на тешки товарни возила предизвикано е свлекување…

Градежни зафати на мостот кај бифе „Марија”

Општина Велес ги започна предвидените градежни работи околу реконструкција на тротоарите на мостот во близина на ООУ „Васил Главинов“ (кај бифе „Марија“’). При реконструкцијата ќе биде изваден површинскиот оштетен слој од асфалт, оштетените армиранобетонски плочи ќе се заменат со нови, а за крај на градежните работи ќе се асфалтираат тротоарите. Поради безбедносни причини, реконструкцијата на…

Известување за градежни активности за реконструкција на дел од патот Дурутовец – Чолошево

Од денес започнуваат градежни активности за реконструкција на дел од патот Дурутовец – Чолошево во должина од околу 120 метри. Поради големи оштетувања на коловозот се врши замена на асфалтот. Градежните работи ќе ги изведува ГД „Изгрев инжинеринг” од Велес. Општина Велес апелира до граѓаните кои сообраќаат на овој патен правец за внимателно возење и…

Известување за градежни работи во населба „Керамидна“

Од утре, 21 август 2019 ќе започнат градежните работи за реконструкција на раскрсница во населбата „Керамидна“, од спојот на улицата „Наце Димов“ со улицата „Стефан Димитров“. Ќе се вршат градежни работи за подобрување на условите за одвивање на сообраќај. Градежните работи ќе се изведуваат во траење од 2-3 дена . Општина Велес апелира до граѓаните…

Подобрени услови за инвестиции во ИЗ „Мамутчево“

Во индустриската зона Мамутчево заврши првата фаза од изградбата на систем за водоснабдување во индустриската зона. Во првата фаза се изведе резервоарски простор со зафатнина од 500м3. Градежните работи ги изведе компанијата „Евро Инженеринг“ ДООЕЛ Велес, а надзорот „ИНТЕРГРАДБА Ла“. Вредноста на инвестицијата изнесува 8.6 милиони денари. 6.9 милиони обезбеди Центарот за развој на Вардарскиот…

Градежни работи на улица „Љубљанска“

Општина Велес ги започна предвидените градежни работи околу реконструкција на постоечката атмосферска сливна решетка на дел од улицата „Љубљанска” лоцирана во близина на ООУ „Блаже Конески“.Првата фаза е веќе завршена, а од следната недела градежните работи продолжуваат со реализација на втората фаза. Општина Велес апелира до учесниците во сообраќајот за внимателно возење, внимателно движење на…

Се реновира училиштето во Бузалково

Во тек се завршните градежни работи за реновирање на подрачното училиште на ООУ „Васил Главинов“ во Бузалково. Освен изведувањето на ситни лимарски и браварски работи и замена на оштетени прозорски стакла се изврши и санирање на подни подлоги- стругање и лакирање на подовите во училниците на вториот кат со вкупна површина од 200 квадрати, како…

Известување за градежни зафати на одводна атмосферска коловозна решетка на ул. „Љубљанска“, лоцирана под ООУ „Блаже Конески“

Ве изестуваме дека на ден 13.08.2019 година се предвидени градежни зафати на одводна атмосферска коловозна решетка на дел улица “Љубљанска“ во Велес, лоцирана под ООУ “Блаже Конески“. Предвидените градежни зафати на одводната атмосферска коловозна решетка ќе се изведуваат во периодот од 07:00 до 18:00 часот, за што ќе биде применет времен режим на сообраќај во…

Старт на градежните активности крај езерото „Младост“

Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Велес за 2019 година, започна пробивањето на улицата 2 на езерото „Младост“. Во изминатиот период се постави инфраструктурата: приклучоци за подземна инфраструктура и улично осветлување со што се обезбедија услови за старт на работите за асфалтирање на улицата. Во наредниот период ќе се изврши…