ВЕЛЕС ДОМАЌИН НА 19. ИФФ

Традиционални танци и ора, роднокрајни песни и шарени носии низ улиците на Велес во наредните четири дена. Градот ќе живее во духот на песната, играта, традицијата. Од среда, 03 јули, Велес е домаќин на деветнаесеттото издание на „Интернационалниот фолклорен фестивал Велес 2024“. Фестивалот годинава има богата програма со настап на девет странски ансамбли од осум…

ВЕЛЕШКО ЛЕТО

Општина Велес за прв пат годинава организира Велешко лето за забавни летни денови. Настани исполнети со музика, литература, и уметност ќе бидат дел од секојдневието на велешани. Сите ваши креативни идеи за учество во културните настани во рамки на Велешко лето се добредојдени и можете да ги доставите на veleskoleto@veles.gov.mk    

ГРАДСКИОТ БАЗЕН ОТВОРЕН ЗА КАПАЧИТЕ ОД СРЕДА, 12 ЈУНИ

Градскиот базен „Лидо“ во Велес започнува со работа. Од утре, 12 јуни, од 09 часот  ги отвора вратите за капачите. Посетителите секојдневно ќе можат да ги користат услугите за пливање до 19 часот. Влезницата за дневно капење ќе изнесува исто како и минатата година 100 денари, додека сезонската влезница чини 2.000 денари и таа е…

ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРААТ НАДВОРЕШНИТЕ СПОРТСКИ ТЕРЕНИ ВО ООУ „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ“

Завршува реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Васил Главинов“. Во тек се последните зафати за целосно ставање во функција на салата на учениците и на спортските клубови. Наскоро започнува реконструкцијата и на трите надворешни терени на училиштетот со што Општина Велес ќе добие уште еден комплетно уреден спортски комплекс. Општина Велес продолжува со инвестиции во…

СЕ БЕЛЕЖИ ХОРИЗОНТАЛНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦИТЕ ВО ГРАДОТ

Во изминатите неколку денови се врши хоризонтално бележење на улиците низ градот. Заради поголема безбедност бележење на хоризонтална сигнализација ќе се врши и во наредните денови сè додека не се бележат сите коловози и не се овозможи поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Ова е прво самостојно бележење на хоризонтална сигнализација на Општина Велес…

„ТРЧАМЕ ЗА РАЦИН“

Во тек се последните подготовки за стартот на атлетската трка во чест на Рацин во Велес. Во организација на Здружението АК Борец и годинава сите професионални и рекреативни атлетичари ќе можат да учествуваат во трката и да си ги измерат силите на 5 и 10 километри. Во чест на Рацин и годинава ќе се организира…

ВЕЛЕШКИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ ПРЕРАСНУВААТ ВО ТРАДИЦИЈА

Се прават последните подготовки за третото издание на Велешките спортски игри што ќе се одржат од 4 до 8 јуни во Градскиот парк. Над 500 натпреварувачи годинава ќе учествуваат на спортските игри на терените во паркот. Ќе се натпреваруваат во фудбал, тенис, одбојка на песок, е-спорт и 3×3 баскет кој за прв пат годинава ќе…

ЛОКАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРАВАТА НА ДЕЦАТА И МЛАДИТЕ, ВЕЛЕС – ОПШТИНА ПОСВЕТЕНА НА ДЕЦАТА

Во рамки на проектот „Место за растење: општини посветени на децата“, во Europe house Veles, се одржа локална конференција на тема „Велес – општина посветена на децата“. На конференцијата претставници на локалната самоуправа, образовни институции, детски градинки, јавни институции дебатираа на прашања поврзани со поттикнувањето на детското учество во планирањето и носењето одлуки. Во своето…

ФОТОВОЛТАИЦИ НА ПОКРИВОТ НА ЛОКАЛНАТА БИБЛИОТЕКА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

Фотоволтаични панели ќе се постават на локалната библиотека „Гоце Делчев“. Обезбедени се два милиони денари за поставување на фотоволтаици на покривот на библиотеката преку проект што Општина Велес го аплицираше во Министерството за култура за инвестиции од капитални дотации. Со оваа инвестиција ќе се постигнат заштеди во потрошувачката на електрична енергија кои ќе придонесат за…

СЕ ГРАДИ КЕЈОТ ДО СТАР МОСТ

Продолжи изградбата на кејот од десната страна на река Вардар. Градежните работи се во тек за изградба на кејот на потегот од Мало мовче до Стар мост. Граѓаните на Велес добиваат уште едно модерно уредено катче за релаксација.