ПОМОШНОТО ИГРАЛИШТЕ ВО ГРАДСКИ ПАРК ДОБИВА НОВ ЛИК!

Култното игралиште во Градски парк, народски познато како ракометно, целосно ќе се реконструира. По завршување на сите подготвителни активности ова игралиште ќе добие целосно нов лик со современа подлога по што граѓаните ќе добијат уште едно катче за спорт и рекреација. Инвестицијата во спортот е инвестиција во здравјето на сите нас! Продолжуваме посветено!

ФОРМИРАН ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Локалниот младински совет на Општина Велес денеска ја одржа првата констутутивна седница на која членовите избраа претседател и заменик претседател. На седницата присуствуваше и градоначалникот Марко Колев кој ги поздрави младите и им посака успешна и креативна работа во наредните две години. „Добро е што се оформи Локалниот младински совет, сега сè зависи од вас.…

ЕУ КУЌАТА ЗА МЛАДИТЕ СЕ ПОДГОТВУВА!

Започна со реконструкција објектот во центарот на градот кој е наменет за ЕУ куќа за млади, каде што младите ќе можат да се собираат за да ги споделуваат и реализираат нивните инвентивни и креативни идеи. Овој проект е целосно финансиран од Европската Унија. Зашто младите го заслужуваат најдоброто! За поубав Велес!

ОПШТИНА ВЕЛЕС ВО ПРЕСРЕТ НА СВОИТЕ МЛАДИ СОГРАЃАНИ

Во периодот од мај до август 2022 година, Општина Велес беше домаќин на активностите во рамките на проектот “ПРЕКУ УЧЕСТВО ДО ЗАЕДНИЦА ПО МЕРКА НА МЛАДИТЕ”, спроведен во партнерство со Синдикалниот центар за едукација и обуки од Скопје со поддршка на Европската младинска фондација на Советот на Европа. По првичната обука за 24 млади од…

ДИГИТАЛНА ИЗЛОЖБА „БИСЕРИ НА ВЕЛЕШКАТА АРХИТЕКТУРА“

Во рамките на проектот „Знаење, заштита и вреднување на старите урбани јадра“ што Општина Велес го спроведува во соработка со Француската асоцијација на извонредни места и градови, учениците и нивните ментори од велешките основни и средни училишта, во автентичниот амбиент во куќата на Касапови  твореа на тема „Бисери на велешката архитектура“. Оваа дигитална изложба Ви го…

ВЕЛЕС ПРВА МАКЕДОНСКА ОПШТИНА СО ФИЗИБИЛИТИ СТУДИЈА ЗА ЈАВЕН ГРАДСКИ ПРЕВОЗ

Општина Велес е првата македонска општина со Физибилити или Студија на изводливост за јавен градски превоз. Овој значаен документ кој ги утврдува постојните состојби и предлага решенија за развој на современ и ефикасен градски превоз е финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка, а спроведуван од Програмата за развој на Обединетите Нации УНДП. Студијата во…

ОТПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈА И МОДЕРНИЗАЦИЈА НА КОЛОВОЗОТ НА ПАТНИОТ ПРЕМИН НА УЛ.“ИЛИНДЕНСКА” – МОСТ “ГЕМИЏИИ” !

Целокупната финансиска инвестиција е обезбедена од Општина Велес и од Македонски железници и инфраструктура кои учествуваат со по 50%. Голема благодарност до Македонски железници и инфраструктура за нивниот придонес во целокупното изведување на градежните зафати. Следен премин за реконструкција е во Дворови, а понатаму ќе следуваат и премините на Стар мост, Речани и Оризари. Со…

16 ЛАПТОП КОМПЈУТЕРИ ЗА УЧЕНИЦИ ОД СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ

Општина Велес доби 16 лаптоп компјутери, донација од ЗЕЛС и НАЛАС – Мрежата на асоцијација на локални власти од ЈИЕ.  Компјутерите ќе бидат наменети за потребите на ученици од социјално ранливи семејства. Донацијата е обезбедена во рамки на проектот „Зајакнување на локалните капацитети за спроведување на Агенда 2030 и принципот Никој да не биде изоставен“.…

ДЕТСКИТЕ РЕКРЕАТИВНИ КАТЧИЊА ДОБИВААТ НОВ ЛИК !

Во тек е репарација и реконструкција на урбаната опрема на четири детски игралишта во градот, но во наредниот период ќе се обноват сите детски реквизити во градот и околните села. Предвидените активности од кампањата #СакајГоВелес продолжуваат, Велес станува поубаво место за живеење!

ЗА САМО ДВА МЕСЕЦИ ИЗГОТВЕНИ СЕ ОКОЛУ 3000 РЕШЕНИЈА ЗА ДАНОК НА ИМОТ

Горчливиот проблем на Велешани кој траел со години додека овој процес бил целосно закочен, веќе станува минато. Со реорганизација на човечките капацитети интензивно се работи на изготвување на сите заостанати решенија и граѓаните веќе ги добиваат на своите домашни адреси. Домаќинското работење за доброто на Општината и сите граѓани останува приоритет на градоначалникот Марко Колев…