УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ЈУБИЛЕЈНАТА АТЛЕТСКА ТРКА „ТРЧАМЕ ЗА РАЦИН“

Петтото  издание на атлетската трка „Трчаме за Рацин“ успешно се реализираше низ улиците на Велес.  Околу 400 учесници во машка и женска кокуренција истрчаа  5 километри и стотина  истрчаа 10 километри на новата лиценцирана патека,  согласно стандардите на Светска атлетика и на тој начин му оддадоа почит на великанот со кој Велес се гордее. На…

16. ИЗДАНИЕ НА MOTO BEACH PARTY ВИКЕНДОВ НА ВЕЛЕШКО ЕЗЕРО

Викендов Велес беше центар на мото културата, се одржа 16. издание на Moto beach party на велешко езеро Младост.  И покрај дождливото време над 1.000 мотоциклисти  од повеќе клубови  од Македонија и Балканот како и стотици други посетители и љубители на мото културата уживаа во богатата едукативна и музичка програма. Настанот започна со традиционалното дефиле…

СЕ ПОСТИЛА НОВАТА ТАРТАН ПОДЛОГА НА АТЛЕТСКАТА ПАТЕКА ВО ГРАДСКИ СТАДИОН

Во тек се градежни активности за поставување на новата тартан подлога на атлетската патека на Градски стадион. Градежните машини активно работат  на постилање на новиот тартан и по завршување на овие активности ќе се изврши исцртување на патеката со што целосно ќе заврши реконструкцијата. Рекреативците и професионалните атлетичари конечно ќе можат да трчаат  на нова…

ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2026

Општина Велес и годинава се подготвува за одржување на бројни културни настани во рамки на Велешко лето 2026. Жешките летни денови ќе поминат во знакот на уметноста, музиката, литературата, забавни културно-уметнички настани кои ќе го раздвижат градот низ повеќе велешки маала. Креирањето на програмата е во тек, а вашите пријави за учество можете да ги…

ГРАДЕЖНИ ЗАФАТИ НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ ВЕЛЕС – ЧАШКА

Изминатите денови активно се работеше на реконструкција на регионалниот пат R1312 на релација Велес – Чашка. Јавното претпријатие за државни патишта во соработка со Македонија Пат подружница Велес деновиве постилаа порамнителен асфалтен слој. Со овие градежни зафати значително ќе се подобри делницата и патната комуникација помеѓу двете општини.  

ПОКРИВОТ НА СПОРТСКАТА САЛА НА ССОУ „ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ“ Е РЕКОНСТРУИРАН

Заврши реконструкцијата на покривот на спортската сала што ја делат дбвете средни училишта  ССОУ „Димитрија Чуповски“ и СОУ „Гимназија Кочо Рацин“. Дополнително се изврши и замена на старите со нови прозори со што се обезбедија функционални и безбедни услови за спортски активности, зачувување на објектот и создавање пријатна средина за учениците и наставниците. Средствата за…

АМБАСАДОРОТ НА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Амбасадорот на Босна и Херцеговија, Н.Е. Драган Јакимовиќ денеска беше во пријателска посета на Општина Велес.  Со градоначалникот Марко Колев разговараа за пријателските односи што ги негуваат двете земји и за продлабочување на меѓусебната соработка. Соработката со меѓународните фактори е од големо значење за развојот на општината. Општина Велес останува отворена за секаква соработка.  

123 ГОДИНИ ОД СОЛУНСКИТЕ АТЕНТАТИ И ПОДВИГОТ НА ГЕМИЏИИТЕ

Под мотото „Чествување за бесмртните“ Општина Велес ја одбележа 123 годишнината од солунските атентати и саможртвата на Гемиџиите за Македонија. По тој повод делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Марко Колев положи свежо цвеќе пред споменикот на Гемиџиите и оддаде почит за нивното херојско дело и саможртва. Почит оддадоа и советници при Советот на…

НОВ СЕМАФОР ВО СПОРТСКАТА САЛА „ГЕМИЏИИ“

Спортската сала „Гемиџии“ доби нов современ лед семафор на кој ќе се следи кој поентирал и ќе може да се води записник, додека статистиката може да се внесе и во директниот пренос од натпреварот. Софтверот кој е изработен од автор од Бања Лука е повеќекратно наградуван во различни земји во периодот од 2022 до 2025…

124 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА УЧИТЕЛОТ И РЕВОЛУЦИОНЕР ПЕТАР МИХОВ

На 25 април 2026 година се одбележуваат 124 години од смртта на учителот Петар Михов. Неговото вечно почивалиште е во црквата Св. Спас во Велес. Петар Михов е учесник во Македонското ослободително движење уште во првите години од формирањето на ТМРО. Во април 1902 година е однесен во скопскиот затвор Куршумли Ан каде е ѕверски…