ОТОВИЦА ДОБИ НОВО МОДЕРНО ДЕТСКО КАТЧЕ
Детското катче во населеното место Отовица е подготвено за најмалите жители на населбата. Градежните работи завршија. Поставена е урбаната опрема и детските реквизити за игра и рекреација.
Детското катче во населеното место Отовица е подготвено за најмалите жители на населбата. Градежните работи завршија. Поставена е урбаната опрема и детските реквизити за игра и рекреација.
На денешен ден се навршуваат 82 години од загинувањето на браќата Кошулчеви, велешки партизани кои загинуваат многу млади во борбата против окупаторот на овие простори. Најстариот од браќата Владо бил убиен на 31 година, средниот Никола на 25, а најмалиот Анде животот го загубил на свои 19 години. Имињата на овие тројца партизани кои се…
Привршува реконструкцијата на дел од улицата „Васил Антевски“, дел од улицата покрај фудбалското игралиште и дел од улицата Ванчо Атанасов Ѓакот. Градежните зафати ќе завршат со постилање на бетонски слој. Општина Велес продолжува со инвестирање во патната инфраструктура во сите населени места во градот.
Денеска се навршуваат 82 години од загинувањето на велешките семејства Митреви Капчеви. На 10 октомври во 1942 година Велес го потресе силна експлозија. Пеколната машина експлодирала во куќата на Митреви. При експлозијата животите ги загубиле Димко, Тоде, Љуба и Васа Митреви како и Трајко, Илија и Ката Капчеви. Од голема историска важност е борбената и…
Партерното уредување на Спомен Костурницата е завршено. Просторот доби нов лик. Наместени се нови клупи, корпи за отпад и детски реквизити за најмладите. Граѓаните добија уште едно модерно уредено катче за одмор и рекреација.
Набавени се 91 инвертер клими наменети за основните училишта во Општина Велес. Во основните училишта „Св. Кирил и Методиј“, „Васил Главинов“, „Блаже Конески“, „Стојан Бурчевски Буридан“, „Панко Брашнаров“ и во основното музичко училиште „Стефан Гајдов“ во наредните денови ќе бидат монтирани клима уредите. Со оваа инвестиција значително ќе се подобрат условите за одвивање на наставата…
Привршува изградбата на спортско-рекреативниот комплекс во населба Превалец. Активностите за реконструкција на спортските терени и поставувањето на урбаната опрема се при крај, со што жителите од овој дел на градот ќе добијат модерно и функционално катче за спорт и рекреација.
Започна асфалтирањето на потегот од кружен тек кај мостот „Гемиџии“ кон бензиската станица Лукоил. Општина Велес упатува благодарност до Јавното претпријатие за државни патишта за обезбедените средства за реконструкција на делницата и до Македонија пат- Подружница Велес за изведбата на градежните зафати на терен.
Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), во рамки на проектот Отворен регионален фонд за енергетика, транспорт и климатска заштита (ORF-ETC), а по повод Европската недела на мобилност 2024, обезбеди три паркинзи за велосипеди кои ги поставивме на три различни локации во градот – пред зградата на Одделение за катастар на недвижности Велес, ЈКП „Дервен“ и…
Започнаа градежни зафати за реконструкција на делницата од кружен тек кај мостот Гемиџии кон бензиската пумпа Лукоил. Во тек е гребење на стариот асфалт по што ќе следи асфалтирање на делницата. Општина Велес упатува благодарност до Јавното претпријатие за државни патишта кои обезбедија финансиски средства за реконструкција на делницата и до Македонија пат – Подружница…