25 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ГЕОРГИ ШОПТРАЈАНОВ

Годинава се одбележуваат 25 години од смртта на професор д-р Георги Шоптрајанов. Тој е македонски филолог, универзитетски професор и културно-просветен деец, еден од најголемите македонски франкофони и прв Македонец, доктор по лингвистички и литературни науки. Шоптрајанов бил добар пример како големите македонски интелектуалци остануваат во служба на својата татковина. Ѓеорѓи Шоптрајанов е роден на 2…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СООУ „ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ“

Во соработка со Владата и Министерството за образование и наука, Општина Велес обезбеди финансиски средства за реконструкција на средното хемиско училиште „Димитрија Чуповски“. Веќе е избрана фирмата изведувач на реконструкцијата на фасадата на училишната зграда со што ќе се добие поголема енергетска ефикасност на објектот и намалување на трошоците за греење и ладење и заштита…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДВОРОТ НА ООУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

Започна реконструкцијата на дворот на општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“. Во тек се градежни активности за реконструкција на дворната површина зад училишната зграда. По завршувањето на овие зафати учениците ќе добијат уште еден функционален простор за одвивање на наставните активности, како и за одмор и рекреација.      

ИЗГРАДЕН ЕДНИОТ ПОТПОРЕН ЅИД НА УЛИЦА „БЕЛГРАДСКА“

Градежните работи за изградба на едниот потпорен ѕид на улица „Белградска“ завршија. Сега продолжува изградбата на вториот потпорен ѕид на истата улица. По изградбата на двата потпотни ѕида, ќе се пристапи кон реконструкција на коловозот со завршен асфалтен слој. Специфичната псотавеност на градот честопати ја наметнува потребата од изградба на потпорни ѕидови со цел да…

БЕЗБЕДНО ДВИЖЕЊЕ НА ПЕШАЦИТЕ – ПРИОРИТЕТ ЗА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Освен реконструкцијата на патната делница кон населбата Превалец, во изминаттиот период се одвиваа градежни активности и за подобрување на состојбата на тротоарите долж колчовозот. Со оваа инвестиција која Општина Велес ја реализираше во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта се овозможи безбедно движење на сите учесници во сообраќајот.  

СТОЈАН ИЛЧЕВСКИ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Во посета на Општина Велес денеска беше 23 годишниот Стојан Илчевски кој на големиот христијански празник Богојавление – Водици имаше среќа прв да стигне до Светиот крст во водите на Вардар. Со градоначалникот Марко Колев разговараа за желбата да се биде дел од чинот на осветувањето на водите, за значењето на празникот и плановите во…

ПЛОШТАД КОЈНИК ГО ДОБИ СВОЈОТ НОВ ЛИК

Заврши реконструкцијата на плоштадот на Којник. Жителите на едно од најстарите велешки маала, но и останатите граѓани, добија пријатно катче за одмор и релаксација. Во периодот што следува ќе се изврши преуредување на бехатон плочките на улицата околу плоштадот, а веднаш потоа ќе започне и целосната реконструкција на улицата „Васил Ѓоргов“.      

ПРВОТО БЕБЕ ВО ВЕЛЕС Е ЖЕНСКО

На 01 јануари, во 11:51 часот се роди првото бебе во Велес. На одделението за гинекологија и акушерство во Општа бочница Велес, на свет дојде Мила, принова во семејството Штериовски. Таа се роди со тежина од 2.700 грама и должина од 50 сантиметри. Мајката и бебето се во добра здравствена состојба. Мајката и бебето ги…

НОВО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА УЛИЦА „11 ОКТОМВРИ“

Целосно е сменета мрежата на уличното осветлување на улицата „11 Октомври“. На овој дел од градот се работеше на промена на подземната инсталација на мрежата на улично осветлување. Се поставија нови канделабри и лед светилки. Во согласност со временските услови, на почетокот на следната година оваа улица ќе биде реконструирана.  

83 ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА СЕМЕЈСТВАТА МИТРЕВИ И КАПЧЕВИ

Денеска се одбележуваат 83 години од загинувањето на велешките семејства Митреви  и Капчеви. На 10 декември во 1942 година Велес го потресе силна експлозија. Пеколната машина експлодирала во куќата на Митреви. При експлозијата животите ги загубиле  Димко, Тоде, Љуба и Васа Митреви  како и  Трајко, Илија и Ката Капчеви. Од голема историска важност е борбената…