ИНИЦИЈАТИВА ЗА ФОРМИРАЊЕ ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО СЕЛО БУЗАЛКОВО КАКО ПОСЕБЕН ПРАВЕН СУБЈЕКТ
На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцвски најави дека ќе поднесе иницијатива за отпочнување на постапка за формирање на нов правен субјект, односно општинско основно училиште во селото Бузалково. „По претходно добиени иницијативи, извршени консултации и по изготвување на соодветна анализа одличив на Советот на Општина Велес да му поднесам иницијатива за…










