ДАНИЕЛ ЈАНЕВСКИ ЌЕ ПРЕТСЕДАВА СО НОВИОТ СОСТАВ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Даниел Јаневски е старо новиот претседател на Советот на Општина Велес. Со поддршка од речиси сите советници Јаневски беше избран на втората седница на советот и тој ќе претседава со него во наредните четири години. „Сакам да ви се заблагодарам за укажаната повторна доверба, за претседател на Советот на Општина Велес. Ова за мене не …

КОНСТИТУИРАН НОВИОТ СОВЕТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Денеска се одржа првата конститутивна седница на новиот состав на Советот на Општина Велес на која беа верификувани мандатите на 23 новоизбрани советници кои во наредните четири години ќе бидат гласот на народот. Новиот совет на Општина Велес го сочинуваат: Даниел Јаневски, Лилија Чолакова-Дервишова, Весна Атанасовска, Нада Јованова, Жарко Манасков, Елизабета Митревска-Анѓелеска, Александар Илиевски, Маја…

НОВО ДЕТСКО КАТЧЕ КАЈ ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА

Новото детско катче изградено во близина на железничката станица денеска беше ставено во функција. Детското игралиште го носи името „Зоки Поки“ во чест на прерано починатиот Зоран Љутков, еден од сопствениците на компанијата Пододекор, која е донатор на игралиштето. Општина Велес упатува голема благодарност до семејството на Љутков кое во најтешките мигови смогна сили да…

ИФАД СТОБИ ОД 29 ОКТОМВРИ ДО 5 НОЕМВРИ

Во тек се подготовките за еден  од најзначајните културни настани во Велес Интернационалниот фестивал на античка драма Стоби. Годинава по дваесет и втори пат ќе се одржи реномираниот фестивал на кој ќе настапат неколку театри од земјава и странство кои ја негуваат античката драма. Свеченото отворање на фестивалот е на 29 октомври со претставата „Агамемнон:…

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО НАСЕЛБА ПРЕВАЛЕЦ

Во тек се градежни активности за поставување на рабници на регионалниот пат кон Превалец, во должина од 400 метри. По завршување на овие градежни зафати ќе следи поплочување на дел од тротоарот. Во соработка со ЈПДП и Македонија пат, по финиширање на градежните зафати ќе се изврши гребење на стариот асфалтен слој и ќе се…

НОВИ СЕМАФОРИ НА РАСКРСНИЦАТА ВО ВЕЛЕС

Старите нефункционални семафори на раскрсницата кај ЕВН се заменети со нови. Со пренамена на средства во општинскиот буиџет се набавија новите семафори.  Со оваа инвестиција се надминаа сите досегашни технички проблеми поради застареноста на технологијата. Со поставувањето на новите семафори се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.  

РАЗЛИЧНИ СОДРЖИНИ НА ВЕЛЕШКА ПИТИЈАДА 2025

Есенски базар и годинава ќе биде поставен на улицата Благој Ѓорев, кај влезот на Гимназијата како дел од Фестивалот на велешка пита и вино „ПИТИЈАДА 2025“. На тезгите ќе бидат изложени уникатните ракотворби на нашите вредни ракотворци. Од 10 до 12 октомври посетителите на манифестацијата ќе имаат можност да си купат од рачните изработки. Во…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА ВО СЕЛО СЛИВНИК

По завршувањето на подготвителните земјени зафати во тек се премина на градежни активности и во село Сливник. Се постави завршен бетонски слој на една улица. Дополнително се поставија и рабници на оваа патна делница. Рамномерниот развој на руралните средини е важен за развојот на општината.  

ПИТИЈАДА 2025!

Домашни и балкански музички ѕвезди, највкусната пита пастрмајлија, квалитетното македонско вино и гостопримливи домаќини годинава ќе ја одбележат најмасовната манифестација во градот „Фестивалот на велешка пита и вино“ што ќе се одржи на 10, 11 и 12 октомври. Нашата музичка дива Калиопи ќе настапи на првата фестивалска вечер, втората вечер е резервирана за балканската музичка…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА ВО СЕЛО КЛУКОВЕЦ

Во село Клуковец се изведуваат подготвителни работи за отпочнување на реконструкција на една улица. Градежните машини се на терен и се работи на земјени потфати. По завшршувањето на подготвителните активности оваа улица ќе се бетонира. Рамномерниот развој на руралните средини е подеднакво важен за развојот на општината.